Се чувствувала како „грда жена“ со него, тој доби дете од друга кога беа заедно: Детали за врската на Кристијано Роналдо и Ирина Шајк

Кон крајот на 2014 година, Кристијано сакал да организира голема роденденска забава за 60-тиот роденден на мајка му.

Забавата требало да се одржи во Мадеира и, нормално, сакал да дојде и Ирина.

se-chuvstvuvala-kako-grda-zhena-so-nego-toj-dobi-dete-od-druga-koga-bea-zaedno-detali-za-vrskata-na-kristijano-ronaldo-i-irina-shajk-02.JPG

Овој период, Ирина и Кристијано само што се вратиле од Дубаи, каде што го прославиле католичкиот Божиќ.

Но, Ирина не сакала да оди и во Португалија, па избувнала огромна караница и, наводно, Кристијано бил толку гневен, што сам ја дочекал Нова година само во друштво на неговиот син.

Одбивањето на Ирина се претворило во цела драма, па се вклучила и мајката на фудбалерот.

se-chuvstvuvala-kako-grda-zhena-so-nego-toj-dobi-dete-od-druga-koga-bea-zaedno-detali-za-vrskata-na-kristijano-ronaldo-i-irina-shajk-16.JPG

Според некои извори, таа никогаш не ја сакала Ирина и сметала дека нема да биде добра мајка за детето на фудбалерот.

Ова уште толку го заладило односот меѓу фудбалерот и моделот.

Набрзо потоа, почна да станува јасно дека се разделиле – Ирина го отследи од Твитер, а не се појави и на настан каде што фудбалерот добиваше наградата. Тој, пак, не ја ни спомна неа во говорот.

se-chuvstvuvala-kako-grda-zhena-so-nego-toj-dobi-dete-od-druga-koga-bea-zaedno-detali-za-vrskata-na-kristijano-ronaldo-i-irina-shajk-09.JPG

Конечно, во јануари 2015-та, тие потврдија дека се разделиле.

„По пет години, на мојата врска со Ирина Шајк ѝ дојде крајот. Верувавме дека за двајцата е најдобро да се разделиме. На Ирина ѝ ја посакувам целата среќа“, сподели фудбалерот.

se-chuvstvuvala-kako-grda-zhena-so-nego-toj-dobi-dete-od-druga-koga-bea-zaedno-detali-za-vrskata-na-kristijano-ronaldo-i-irina-shajk-12.JPG

По официјалното раскинување, се огласи портпаролот на Ирина Шајк кој тврдеше дека караницата со мајка му не се ни случила:

„Ирина беше блиска со неговото семејство додека беа заедно. Сите негативни гласини се лажни и не се причина за разделбата. Ирина повеќе не сака да ја коментира ситуацијата“.

Ирина се огласи за врската дури една година подоцна и како да навести дека раскинале бидејќи фудбалерот ја изневерувал.

se-chuvstvuvala-kako-grda-zhena-so-nego-toj-dobi-dete-od-druga-koga-bea-zaedno-detali-za-vrskata-na-kristijano-ronaldo-i-irina-shajk-07.JPG

Таа сподели и дека покрај него се чувствувала како „грда и несигурна жена“.

„Ако сте во врска, треба да биде добра. Во спротивно, ставете крај. Врските се тешки и треба да бидете сигурни каков маж сакате покрај себе, какви се неговите вредности, што ви е важно во животот.

И двајцата треба да го делите истото мислење за тоа што значи една врска и да ја имате истата енергија за да создадете моногамна врска“.

se-chuvstvuvala-kako-grda-zhena-so-nego-toj-dobi-dete-od-druga-koga-bea-zaedno-detali-za-vrskata-na-kristijano-ronaldo-i-irina-shajk-03.JPG

Очигледно, Ирина била многу гневна на фудбалерот и една година по разделбата, бидејќи на нејзините Инстаграм следбеници им порача да ја отследат ако ја знаеле само како „бившата на Кристијано Роналдо“.

По оваа изјава, Ирина изгуби дури 11 милиони следбеници преку ноќ – повеќе од 70% од вкупниот тогашен број.

Набрзо потоа, Ирина го запозна Бредли Купер со кој доби ќерка, додека Роналдо ја почна врската со Џорџина Родригез.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...

Најчитани неделава