Џастин Тимберлејк не ѝ бил прв дечко, со Колин Фарел сексот бил како „борење“ – Нови скандалозни признанија на Бритни
- Детали
- петок, 20 октомври 2023
Првиот брак ѝ траеше само 55 часа, а се омажила затоа што била пијана и ѝ било здодевно. Тврди дека сакала нешто повеќе со Колин Фарел, но не ѝ успеало, а не била невина уште кога ја започнала врската со Џастин Тимберлејк – Кои новите шокантни детали ги откри Бритни во книгата?
Книгата на Бритни Спирс, The Woman in Me, по грешка излезе во Мексико една недела порано, па благодарение на тоа, светските медиуми се преплавени со голем број шокантни детали, што досега не сме ги знаеле за неа.
Бритни отворено зборува за своето прво сексуално искуство, бракот со Џејсон Александер што траеше само 55 часа и бурната врска со Колин Фарел, за која многумина и заборавија.
Таа исто така откри и дека користела дроги за време на лудите забави со Линдзи Лохан и Парис Хилтон, но како што вели, никогаш немала толку голем проблем.
Бритни ја започна кариерата и ја градеше ставајќи го во прв план нејзиниот имиџ на „невина“ девојка, која се чува за првата брачна ноќ, но сега во нејзината книга откри дека уште кога била во врска со Џастин таа веќе имала сексуално искуство.
Речиси две децении јавноста мислеше дека Бритни ја загубила невиноста со нејзиното прво момче Џастин Тимберлејк, а сега признава дека тоа се случило многу порано, уште кога била во средно образование, и тоа со најдобриот другар на нејзиниот брат Брајан Спирс.
Тоа се случило во периодот кога имала само 14 или 15 години, а тој имал 17 или 18 години.
Ова признание беше вистинско изненадување за сите, затоа што Бритни тврдеше дека имала секс само со едно момче целиот нејзин живот. Па, дури тврдеше дека Џастин чекал две години за да има секс со него.
„Не очекував дека тој ќе оди кај Барбара Волтерс и ќе ме разоткрие“ – рече во една пригода Бритни за признанието на Џастин дека тие двајца имале сексуални односи и дека таа не е невина, како што се веруваше.
На нејзнината свадба со Сем Ашгари, нејзиниот прв сопруг Џејсон Александер се обиде да упадне со нож, а сега пејачката открива како изгледала ноќта кога тие двајца одлучиле да застанат пред олтар во Вегас.
„Јас и тој бевме пијани. Воопшто не се сеќавам на таа вечер, но од она што го склопив, јас и тој уживавме во хотелот до доцна во ноќта...
Па, потоа добивме генијална идеја да одиме во капела во 3 и 30 по полноќ“ – вели таа и додава дека тие двајца стапиле во брак затоа што им било здодевно, а не затоа што се сакале.
Како што раскажува, на нејзиното семејство воопшто не им се допаѓала идејата за бракот, па со неа се однесувале како да „започнала Трета светска војна“.
„Плачев во остатокот од времето поминато во Вегас. Тогаш сфатив дека сакаат да бидам под нивна контрола и им беше важно да немам силна конекција со некој друг“ – вели таа.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





