Џастин Тимберлејк не ѝ бил прв дечко, со Колин Фарел сексот бил како „борење“ – Нови скандалозни признанија на Бритни
По раскинувањето со Џастин Тимберлејк, Бритни имаше кратка врска и со холивудскиот заводник Колин Фарел. Таа откри дека случајно се запознале, преку нивни заеднички пријател, по што започнало нивното 2-неделно „борење“.
„’Борење’ е вистинскиот збор – затоа што постојано бевме еден врз друг, се тегневме постојано и се чувствував како да сум во улична борба“ – вели таа и додава дека го искористила актерот за да си ги залечи раните по раскинувањето со Тимберлејк.
Во книгата таа не открива зошто тие двајца ја прекинале врската, но признава дека на миг поверувала оти меѓу нив двајца може да има нешто повеќе.
„Разочарувањата на љубовен план беа само еден дел од тоа што направи да се изолирам. Се чувствував како чудак“ – вели таа.
Уште еден детаљ што таа го призна е дека активно користела лекови со опојни дејствија во периодот кога ги полнеше таблоидите со нејзините бурни забави и лудувања со Линдзи Лохан и Парис Хилтон.
Како што открива, постојано користела лекови за АДХД (Синдром на дефицит на внимание и хиперактивност).
„Никогаш не бев толку дива како што тоа го преувеличуваа таблоидите. Бев под дејство, да, но ми се допаѓаше тоа што можев неколку часа да не се чувствувам депримирано“ – вели таа, а нејзиното тврдење наиде на голем број критики на социјалните мрежи.
Минатата година таа призна дека првата шлаканица од мајка ѝ ја добила во тој период, кога една вечер се вратила од забава со Парис и со Линдзи, а нејзините синови биле заедно со баба им.
„Мајка ми ми ги чуваше синовите Џејден и Престон... Да, се забавував до 4 часот наутро и мајка ми беше лута. Влегов, ме погледна и ме удри толку силно и тоа никогаш нема да го заборавам“ – рече Бритни.
Прочитајте и Абортусот на Бритни, неверен кон сопругата Џесика Бил: Мрачните тајни на Џастин Тимберлејк
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





