Како Тејлор Свифт го менува имиџот со секој нов дечко?

Ги менува дечковците со неверојатна брзина, а за секоја врска пишува по една песна за раскинување. Има бурно љубовно минато, а со секој нов дечко го менува и имиџот за да се усогласи со неговиот моден избор. Погледнете како со секој дечко се менуваше и Тејлор Свифт низ годините...

kako-tejlor-svift-go-menuva-imidjot-so-sekoj-nov-dechko-01.jpg

Тејлор Свифт (33) важи за поп-ѕвезда која воопшто не сака да го крие својот љубовен живот. Речиси по секое раскинување публиката има можности да слушне некоја нова песна посветена на тешките емоции од раскинувањето, а сега се чини дека ѝ цветаат рози на љубовен план, па е среќно вљубена во американскиот рагбист Тревис Келце.

За Тејлор воопшто не е чудно да скокне од една врска во друга, но се чини дека рагбистот успеал да го освои нејзиното срце.

kako-tejlor-svift-go-menuva-imidjot-so-sekoj-nov-dechko-14.jpg

За разлика од претходните дечковци, кои речиси секогаш беа слаби, често со британски акцент, новиот партнер на Тејлор е сосема поразличен: станува збор за крупен рагбист со брада и мустаќи, кој истовремено важи за голем американски заводник.

kako-tejlor-svift-go-menuva-imidjot-so-sekoj-nov-dechko-15.jpg

Но, ако се погледне наназад бурното љубовно минато на Телјор, може да се забалежи дека со секој од дечковците, Тејлор го менувала имиџот со цел да биде модно усогласена.

Да погледнеме некои од врските од нејзиното минато и ќе сфатите дека разликата во имиџот е воочлива:

Со Џо Џонас

Тејлор и Џо беа во врска околу 4 месеци, а тој ја откачил преку телефон, со телефонски повик што траел 27 секунди.

kako-tejlor-svift-go-menuva-imidjot-so-sekoj-nov-dechko-02.jpg

kako-tejlor-svift-go-menuva-imidjot-so-sekoj-nov-dechko-03.jpg

Со Џон Мејер

Пејачката правеше сѐ за да се вклопи во имиџот на познатиот рокер, па така што освен што ги носеше светкавите фустани по кои е препознатлива, имавме можност и да ја видиме и во целосно црно издание, за да одговара на неговиот темен стил.

kako-tejlor-svift-go-menuva-imidjot-so-sekoj-nov-dechko-05.jpg

kako-tejlor-svift-go-menuva-imidjot-so-sekoj-nov-dechko-06.jpg

Со Џејк Гиленхал

Уште една од врските на Тејлор што почна и се заврши рекордно брзо. Но, и од тој период постојат фотки на кои се гледа дека таа се потрудила да биде барем делумно модно усогласена со нејзиниот дечко.

kako-tejlor-svift-go-menuva-imidjot-so-sekoj-nov-dechko-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Педро Паскал „уловен“ како се гушка со дечко, бивши на друг познат актер (фото) Осамнаа папарацо фотки како Педро Паскал разменува нежности во неделата со бивши...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Вирално видео: Келвин Клајн (83) збунет, едвај се качува по скали, неговиот 36-годишен дечко ладнокр... Во вирално видео се гледа како Келвин Клајн губи рамнотежа и изгледа збунето пре...
Добил син со ретко нарушување, правел развратни забави: Многуте тајни што Принц пробуваше да ги скри... Принц криеше дека добил син кој починал по само седум денови, наводно поради деф...

Најчитани неделава