Страда од ретка болест за која нема лек, 16-годишната внука ѝ починала во раце: Трагични детали од животот на Селин Дион

И сестра ѝ претрпела многу трагедии

2016-та дефинитивно била ужасна година за Селин.

Покрај смртта на брат ѝ и сопругот, истата година сопругот на сестра ѝ бил дијагностициран со рак кој се проширил на белите дробови, мозокот и коските.

Во 1993-та, пак, сестра ѝ ја изгубила ќерка ѝ на само 16-годишна возраст.

Девојчето имало цистична фиброза, а Селин откри дека починала во нејзините раце.

„Почнав да ѝ пеам тивко и одеднаш нејзините очи се затворија… Една солза потече на нејзиното лице и си замина“, откри пејачката.

По трагичната смрт на внуката, Селин почна да се залага за зголемување на свеста за болеста.

strada-od-retka-bolest-za-koja-nema-lek-vnukata-pochinala-vo-race-tragichni-detali-od-zhivotot-na-selin-dion-05.jpg

Имала здравствени проблеми кои ѝ влијаеле врз гласот

Несомнено, Селин Дион важи за еден од најдобрите вокали на сите времиња.

Но, во 2012-та имала проблем со гласните живи, поради што откажа неколку концерти.

Проблемите биле предизвикани од инфекција, а пејачката откри дека воопшто не можела да го контролира нејзиниот глас.

Состојбата ѝ се подобрила, но во 2018-та повторно откажа концерти поради сличен проблем.

strada-od-retka-bolest-za-koja-nema-lek-vnukata-pochinala-vo-race-tragichni-detali-od-zhivotot-na-selin-dion-06.jpg

Со години се бореше со неплодност

Селин има три сина кои ги доби со сопругот Рене. Но, навистина се измачила додека да стане мајка.

Пејачката и Рене се обидувале да добијат дете цели шест години, пред да се одлучат за асистирано оплодување.

Во 2001-ва, тие конечно станаа родители, но потоа повторно се мачеле со неплодност.

Во 2009-та, пејачката доживеала и спонтан абортус.

По ова и по шест обиди за асистирано оплодување, пејачката забремени и доби близнаци.

strada-od-retka-bolest-za-koja-nema-lek-vnukata-pochinala-vo-race-tragichni-detali-od-zhivotot-na-selin-dion-07.jpg

Има ретка болест

Кон крајот на 2022-ра, Селин откри дека е дијагностицирана со ретка болест, позната како „синдром на здрвена личност“.

Во емотивна објава, таа објасни дека станува збор за невролошко нарушување кое се јавува кај една во милион личности.

Нарушувањето предизвикува сериозни грчеви на мускулите, но и вкочанетост, а со текот на времето може да се изгуби и способноста за движење.

„За жал, грчевите имаат влијание врз целото мое секојдневие, некогаш ми е тешко да одам и не можам да го користам гласот како порано“, изјави пејачката.

Нејзината сестра, пак, откри дека иако нема лек за болеста, сакаат да бидат оптимисти дека симптомите нема да се влошат брзо.

strada-od-retka-bolest-za-koja-nema-lek-vnukata-pochinala-vo-race-tragichni-detali-od-zhivotot-na-selin-dion-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Тој е единствениот маж кој го бакнала: Зошто Селин Дион не сака да се премажи по смртта на сопругот ... Селин Дион и музичкиот продуцент Рене Анжелил се венчаа во 1994-та и беа во брак...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Љубовниот живот на Брижит Бардо, жената со „сто љубовници“ (и четири сопрузи) Брижит Бардо веројатно немала партнер што не го изневерила и трипати се разведув...

Најчитани неделава