Страда од ретка болест за која нема лек, 16-годишната внука ѝ починала во раце: Трагични детали од животот на Селин Дион

Во рок од два дена, Селин Дион ги изгуби сопругот и брат ѝ од рак. Во 1990-тите, нејзината внука починала од цистична фиброза, и тоа во нејзините раце, а самата пејачка има ретка болест поради која ја губи способноста за движење. И покрај блескавата кариера, животот на Селин Дион е исполнет со трагедии.

strada-od-retka-bolest-za-koja-nema-lek-vnukata-pochinala-vo-race-tragichni-detali-od-zhivotot-na-selin-dion-01.jpg

Селин Дион важи за еден од најдобрите вокали на сите времиња и дефинитивно е музичка легенда.

Пејачката, која има освоено пет Греми награди, е препознатлива и по уникатниот моден стил, но и нејзината смисла за хумор.

Селин се соочила со бројни трагедии во својот живот, но секогаш наоѓа сила да биде оптимист.

Тажни детали од нејзиниот живот:

Нејзините родители починале од сериозни здравствени проблеми

Во 2003 година, таткото на Селин Дион почина од рак на коските. Тогаш татко ѝ имаше 80 години, а пејачката тешко се справи со загубата, изјавувајќи дека биле многу, многу блиски.

„Многу е тешко кога ќе изгубиш родител, особено кога си многу близок со него. Иако ја очекуваш смртта, никогаш не си подготвен за неа“, изјави пејачката во интервју една година по смртта.

Во 2020-та, пак, мајка ѝ почина од Алцхајмерова болест.

strada-od-retka-bolest-za-koja-nema-lek-vnukata-pochinala-vo-race-tragichni-detali-od-zhivotot-na-selin-dion-02.jpg

Го изгуби сопругот од рак

Возрасната разлика помеѓу Селин и нејзиниот сопруг Рене беше 26 години, но нивниот брак беше еден од најстабилните во светот на славните.

Се венчаа во 1994-та и беа заедно до неговата смрт. Рене почина во 2016 година од рак на грлото.

Тој првпат бил дијагностициран во 1998-ма, закрепнал, но ракот се вратил во 2013-та.

„Цели три години мојот сопруг немаше ставено вода и храна во устата. Се хранеше од цевка. Сакав да си замине мирно, сакав да се чувствува добро и безгрижно.

Имаше мал инфаркт, па смртта беше брза, не почувствува ништо. Мислам дека беше ослободен од неговата болка“.

Пред смртта на сопругот, Селин направи пауза од кариерата за да се грижи за него.

strada-od-retka-bolest-za-koja-nema-lek-vnukata-pochinala-vo-race-tragichni-detali-od-zhivotot-na-selin-dion-03.jpg

Истата година го изгуби и брат ѝ

Додека пејачката тагуваше за смртта на сопругот, речиси веднаш се соочи со нова трагедија.

Само два дена откако почина нејзиниот сопруг, почина и нејзиниот брат од рак, и тоа на 59-годишна возраст.

Брат ѝ почина на денот на роденденот на сопругот Рене.

Пејачката изјави дека и покрај трагедијата, сакала да биде оптимист.

„Рене му прави друштво на брат ми. Си реков, мојот сопруг дојде и го зеде брат ми бидејќи тој беше многу слаб за да одлета сам“.

strada-od-retka-bolest-za-koja-nema-lek-vnukata-pochinala-vo-race-tragichni-detali-od-zhivotot-na-selin-dion-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Тој е единствениот маж кој го бакнала: Зошто Селин Дион не сака да се премажи по смртта на сопругот ... Селин Дион и музичкиот продуцент Рене Анжелил се венчаа во 1994-та и беа во брак...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Љубовниот живот на Брижит Бардо, жената со „сто љубовници“ (и четири сопрузи) Брижит Бардо веројатно немала партнер што не го изневерила и трипати се разведув...

Најчитани неделава