Мрачната страна на Џим Кери: Го обвинуваа за самоубиството на девојка му, ѝ ја избричи главата на обожавателка

Ја бакна Алисија Силверстоун без нејзина дозвола

Во 1990-тите, Алисија Силверстоун беше една од најпознатите актерки. На доделувањето на MTV Movie Awards во 1997-ма, кога актерот имаше 35, а Алисија само 20 години, тој присилно ја бакна.

Алисија ја доделуваше наградата за најдобра изведба во комедија што ја освои Кери. Па, кога се качи на сцената, ја бакна актерката во уста, а таа пробуваше да го оттргне.

https://www.youtube.com/watch?v=9MiHpOhp-iU

Во видеото од настанот е очигледно колку ѝ е непријатно, а наводно, подоцна актерот ѝ се извинил.

На истиот настан, Кери проба да го бакне и Вил Смит.

Ѝ ја избричи главата на обожавателка на ток-шоу

Во 2014 година, во шоуто на Џими Кимел, водителот организира „игра“ во која на неколку луѓе од публиката, Џим Кери им правеше фризури како од филмот Dumb and Dumber.

На сцената се качи обожавателка на актерот, но наместо да ѝ ја потстриже косата како во филмот, тој ѝ ја избричи главата, изјавувајќи:

„Ова ја симболизира контролата што ја имам над умот на моите фанови“.

Актерот беше критикуван дека претерал, особено бидејќи изгледало како жената да е тажна, а наводно и самиот Џими Кимел бил шокиран од инцидентот.

mrachnata-strana-na-dzhim-keri-go-obvinuvaat-za-samoubistvoto-na-devojka-mu-ja-izbrichi-glavata-na-obozhavatelka-07.jpg

Првата сопруга го обвини за неверство

Џим Кери и првата сопруга, Мелиса Вомер, се венчаа во 1987 година.

Додека траеше разводот во 1995-та, Мелиса изјави дека Кери имал афера со нејзина колешка.

Исто така, таа го обвини дека ја запоставувал нивната ќерка.

mrachnata-strana-na-dzhim-keri-go-obvinuvaat-za-samoubistvoto-na-devojka-mu-ja-izbrichi-glavata-na-obozhavatelka-08.jpg

Јавно ги оцрнуваше родителите

Актерот пораснал во сиромаштија, а според изјавите низ годините, веројатно чувствува презир кон мајка му поради ова.

Во интервју за Rolling Stone, тој откри дека од 19-годишна возраст финансиски ги издржувал родителите и се пожали дека ќе ги оставел да му ги трошат парите додека да банкротира.

По некое време, решил да ги исели од неговиот дом:

„Повеќе не бев трпелив, морав да ги вратам во Канада. Имав лоши соништа – сонував како ја убивам мајка ми“.

mrachnata-strana-na-dzhim-keri-go-obvinuvaat-za-samoubistvoto-na-devojka-mu-ja-izbrichi-glavata-na-obozhavatelka-09.jpg

Ги навредува колешките кои се многу помлади од него

Во 2020 година, во шоуто на Греам Нортон, Џим Кери ја навреди Марго Роби.

Покрај флертувањето со неа, тој се шегуваше дека Марго не се прославила поради талентот, туку само бидејќи била убава и секси.

Во 2011-та, пак, ја навредил Ема Стоун која е 26 години помала од него.

Имено, актерот ѝ рекол дека ако била постара, ќе се венчал со неа за да имаат „дебели деца со пеги“.

Актерот беше критикуван за ова, по што изјави дека претерал, но дека го мислел секој збор што го кажал.

mrachnata-strana-na-dzhim-keri-go-obvinuvaat-za-samoubistvoto-na-devojka-mu-ja-izbrichi-glavata-na-obozhavatelka-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Ја оставил првата сопруга за неа, па ѝ го скршил срцето: Краткиот брак на Џим Кери и колешката од Du... Уште пред да го финализира разводот од првата сопруга, Џим Кери потврди дека е в...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...

Најчитани неделава