Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мрачната страна на Џим Кери: Го обвинуваа за самоубиството на девојка му, ѝ ја избричи главата на обожавателка

Редовно навредува новинари кои само пробуваат да си ја работат работата, психички ја малтретирал девојка му која изврши самоубиство и еднаш присилно бакна актерка многу помлада од него – И Џим Кери има мрачна страна.

mrachnata-strana-na-dzhim-keri-go-obvinuvaat-za-samoubistvoto-na-devojka-mu-ja-izbrichi-glavata-na-obozhavatelka-01.jpg

Несомнено, Џим Кери е најдобриот комичар на денешницата. Но, и покрај тоа што го насмеа целиот свет и делува како забавна личност, Џим Кери си има и мрачна страна.

Факти за актерот што го потврдуваат ова:

Недолично однесување со новинари

Едно од најбизарни интервјуа на Џим Кери е од 2020 година со новинарката Шарлот Лонг.

Новинарката го праша дали имал неисполнета желба, кога ќе се земе предвид дека е еден од најуспешните холивудски актери.

На ова, Кери ѝ рече: „Само ти“.

Кога стана очигледно дека на новинарката ѝ е непријатно, актерот ѝ рече да се помири со несоодветниот коментар.

По објавувањето на интервјуто, актерот беше критикуван за недоличното и непрофесионално однесување.

mrachnata-strana-na-dzhim-keri-go-obvinuvaat-za-samoubistvoto-na-devojka-mu-ja-izbrichi-glavata-na-obozhavatelka-02.jpg

Но, ова не е единствен пат Кери да се однесува лошо со новинари.

Во 2017-та, за време на Модната недела во Њујорк, новинарка пробуваше да го интервјуира актерот.

Но, тој само одеше околу неа, премногу ѝ се доближуваше и упорно повторуваше колку безначаен бил настанот.

Актерот повторно се соочи со критики бидејќи новинарката само пробувала да си ја работи работата. Притоа, многумина истакнуваа дека никој не го терал да оди на настанот ако му се чини безначаен.

mrachnata-strana-na-dzhim-keri-go-obvinuvaat-za-samoubistvoto-na-devojka-mu-ja-izbrichi-glavata-na-obozhavatelka-03.jpg

Го обвинуваа за самоубиството на девојка му

Во 2012 година, актерот почна врска со Катриона Вајт – мејкап артистка од Ирска. Бидејќи актерот беше 23 години постар од неа, не беа најпопуларниот пар.

А, нивната врска заврши трагично – Катриона изврши самоубиство во 2015-та, на само 30-годишна возраст.

mrachnata-strana-na-dzhim-keri-go-obvinuvaat-za-samoubistvoto-na-devojka-mu-ja-izbrichi-glavata-na-obozhavatelka-04.jpg

По ова, поранешниот сопруг на Катриона поднесе тужба против Кери изјавувајќи дека тој ѝ давал дрога која имала влијание врз нејзината ментална состојба, а со тоа и самоубиството.

Според него, тој бил манипулативен и ја контролирал до тој степен, што инсталирал камери во нејзиниот дом.

Актерот доби тужба и од мајката на Катриона која го обвини за ментално малтретирање. Таа изјави и дека актерот ја заразил девојката со сексуално пренослива болест.

Кери, пак, изјави дека тужбите биле со цел да се изнудат пари од него, а на крај беа отфрлени.

mrachnata-strana-na-dzhim-keri-go-obvinuvaat-za-samoubistvoto-na-devojka-mu-ja-izbrichi-glavata-na-obozhavatelka-05.jpg

Лоши зборови за сопругата на Тајгер Вудс

Познатиот голфер Тајгер Вудс се најдете среде секс скандал откако се дозна дека ја изневерувал сопругата, и тоа со многу жени.

Кога јавноста дозна за аферите во 2009-та, се огласи и Џим Кери кој ја обвини неговата сопруга за неверствата.

„Тајгер Вудс не должи никому ништо. Ниту една сопруга не е толку слепа за да испушти толку неверства.

Неговата сопруга сигурно му помагала, поради која било причина“, изјави актерот на Твитер.

Откако се соочи со бројни критики за обвинување на жртвата, актерот повторно се огласи:

„Сега ќе се вратам на Твитер за да бидам дали можам да навредам уште некој“.

mrachnata-strana-na-dzhim-keri-go-obvinuvaat-za-samoubistvoto-na-devojka-mu-ja-izbrichi-glavata-na-obozhavatelka-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Почина Вал Килмер (65), ѕвездата од Top Gun и Batman, кој го изгуби гласот поради рак на грлото Актерот Вал Килмер го победи ракот на грлото, но поради третманите го изгуби гла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg