Славните личности на роденден кај Леонардо ди Каприо: Бившата девојка проба да влезе сосила (фото)
- Детали
- понеделник, 13 ноември 2023
Бившата девојка се обиде да влезе, но беше избркана од обезбедувањето. Рита Ора и Кејт Бекинсејл се појавија во провокативни изданија, а Ким Кардашијан беше фотографирана додека пристигнуваше со автомобилот. Кои славни личности се собраа на прославата на 49-тиот роденден на Леонардо ди Каприо?
Ким Кардашијан, Рита Ора, Лејди Гага… Ова се само дел од славните личности што се појавија на забавата по повод 49-тиот роденден на Леонардо ди Каприо, што се одржа во саботата (11.11).
Славеникот успеа да ги избегне папараците кои беа наредени пред неговиот дом и чекаа да ги „уловат“ славните што присуствуваа, но затоа се појавија фотки на кои се гледа дека за време на забавата, тој бил со неговата нова девојка Виторија Серети (25) со која страсно се бакнувал и се забавувал.
Ким Кардашијан се појави на забавата, а папараците успеаја да ја фотографираат додека пристигнуваше со приватен возач.
Рита Ора на забавата дојде со нејзиниот сопруг Таика Ваитити, а на себе носеше краток црн фустан, кој не успеа да ѝ ја покрие долната облека.
Кејт Бекинсејл го привлече вниманието на сите со краткиот црн фустан и огромниот „скапоцен камен“ на стомакот.
На забавата се појави и поранешната девојка на Лео, Викторија Ламас, која беше избркана од страна на обезбедувањето.
На следната страница уште фотографии од славните на роденденот кај Лео...
Би можело да ве интересира:





