Приказната на актерот Родриго Санторо: Доби благослов од папата за улогата на Исус, го нарекуваат бразилскиот Том Круз
Во 2004 година тој се појави во рекламата за култниот парфем Chanel No.5 покрај Никол Кидман.
Во исто време, магазинот People го стави на својата листа „50 најубави мажи во светот“.
Во 2006 година доби улога во серијата Lost, а потоа и во филмот 300.
За да се подготви за улогата, станувал секое утро во 4 часот и вежбал, но, за целосна трансформација, за да го долови ликот на кралот Ксерекс, не смеел да има влакна на телото.
„Немав влакно на телото. Прво ме депилираа со восок и болеше премногу. По ова уште повеќе ги почитувам жените.
Следниот пат ги замолив да ме избричат со брич, не можев да ја трпам болката. Единствено не ми ги издепилираа веѓите, мејкап артист ги средуваше со шминка“, изјави тој.
Тој гo глумеше Исус во филмот Ben-Hur, а пред да почне со снимањето, добил благослов од папата за улогата.
Еден од неговите последни проекти е хит серијата Westworld, со кој повторно привлече внимание.
Што се однесува до приватниот живот, тој е во љубовна врска со бразилската актерка Мел Фронковиак од 2013 година.
Во 2017 година ја добија ќерката Нина, но и понатаму не се решаваат да стапат во брак.
Повеќе фотографии од Родриго Санторо на следната страница...
Би можело да ве интересира:





