Познати „машки спонзоруши“ кои ги искористија парите и славата на нивните поранешни партнерки

Ник Кенон – бившиот на Мараја Кери

Мараја Кери е една од најголемите музички ѕвезди, па вистинско изненадување беше кога ја почна врската, а потоа и се венча со Ник Кенон.

Уште тогаш јавноста беше убедена дека Ник ја користи популарноста на Мараја за да напреднува во својата кариера, како и дека ја искористува за пари.

Бракот траеше неколку години и не е познато колку пари добил Ник од разводот.

poznati-mashki-sponzorushi-koi-gi-iskoristija-parite-i-slavata-na-nivnite-poraneshni-partnerki-06.jpg

Расел Бренд – бившиот на Кети Пери

Како познат британски комичар, Расел Бренд имал свои милиони, но неговите слава и богатство не се ни споредуваа со оние на Кети Пери.

Благодарение на пејачката, тој стана светски познат, за на крај да ја остави преку СМС-порака.

Комичарот доби половина од тогашното богатство на Кети, односно околу 44 милиони долари.

poznati-mashki-sponzorushi-koi-gi-iskoristija-parite-i-slavata-na-nivnite-poraneshni-partnerki-07.jpg

Џастин Теру – поранешниот сопруг на Џенифер Анистон

Џастин е уште еден маж чија кариера тргна во нагорна линија откако „си фати“ богата и позната девојка.

И тоа, тој раскина 14-годишна врска за да биде со Анистон.

Парот се венча за многу кратко време.

Според пријатели на Џастин, тој самиот инсистирал да потпишат предбрачен договор бидејќи не сакал јавноста да мисли дека тргнал по парите на актерката.

Наводно, Џенифер се противела, но на крај сепак се согласила.

За фановите на Анистон, тоа што Џастин толку упорно пробувал да си го поправи имиџот во јавност е јасен показател дека сепак бил привлечен и од нејзиното богатство, барем донекаде.

poznati-mashki-sponzorushi-koi-gi-iskoristija-parite-i-slavata-na-nivnite-poraneshni-partnerki-08.jpg

Каспер Смарт – бившиот на Џеј Ло

Ова е можеби најчудната врска на Џеј Ло.

Каспер беше нејзин танчар и е 17 години помлад од неа.

Како што ја почнаа врската, таа му даде унапредување, а наводно му давала и по 10.000 долари неделно додека биле заедно.

Но, се разделија бидејќи наводно Каспер се допишувал и флертувал со бројни други жени.

Самиот, пак, вели дека не бил подготвен за сериозна врска со многу повозрасна жена која има и деца.

poznati-mashki-sponzorushi-koi-gi-iskoristija-parite-i-slavata-na-nivnite-poraneshni-partnerki-9.jpg

Габриел Обри – бившиот на Хали Бери

Актерката и Габриел, кој е поранешен модел, се венчаа и заедно добија дете.

Веројатно не сте слушнале за Габриел бидејќи е далеку од позната личност, но успеа да го искористи богатството на актерката.

По разводот, тој побарал Бери да му плаќа 20.000 долари месечно за да може да ѝ пружи луксузен живот на ќерка му кога го посетувала.

И, на крај го доби тоа што го бараше.

poznati-mashki-sponzorushi-koi-gi-iskoristija-parite-i-slavata-na-nivnite-poraneshni-partnerki-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Ѝ го исцица богатството, па ја остави на улица – Тори Спелинг за првпат искрена зошто не се развела ... Јавна тајна во Холивуд беше дека тој се ожени заради милионите на татко ѝ, но от...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Абортусот на Бритни, неверен кон сопругата Џесика Бил: Мрачните тајни на Џастин Тимберлејк Ја изневерувал Бритни со познати девојки, заради што таа му се одмаздила со танч...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg