Бившиот на Џеј Ло, Марк Ентони (57) доби 8-мо дете со четврта жена – се породи убавата Надиа (27), објавија први фотки
- Детали
- среда, 22 јули 2026
27-годишната сопруга убавица на Марк Ентони се породи – објавија први фотки во домот со нивната ќеркичка, на која ѝ дадоа прекрасно име, додека во раце ја држи братчето Марко. Ова му е 8-мо дете на Марк, кој има и две деца со Џеј Ло.

Марк Ентони и Надиа Фереира го добија нивното второ заедничко дете.
27-годишната убавица роди ќерка на која ѝ го дадоа името Мила (Myla) и објавија први семејни фотки откако пристигнаа дома.
На едната од фотките се гледа големото братче Марко како ја држи новородената сестричка во раце, а покрај него се гордите родители.
„Каков голем благослов е што можеме со вас да го споделиме доаѓањето на нашата прекрасна MYLA.
Не можете ни да замислите колку сме среќни дома, буквално сме на седмо небо“ – напиша таа.

Среќната мајка на Инстаграм Стори сподели и една фотка на која синот ја пречекува својата сестричка, како и од балоните и цвеќињата кои ги дочекале дома.

Нивното прво заедничко дете, Марко, се роди во јуни 2023, 5 месеци откако парот се венча во Мајами, а 2 и пол години подоцна соопштија дека чекаат уште едно.
Пред еден месец тие направија раскошна забава по повод доаѓањето на новото бебе во семејството.
Инаку, ова ќе биде осмо дете за Марк. Тој ги има и близнаците Макс и Еме кои ги доби од Џеј Ло, синовите Кристијан и Рајан од поранешната сопруга Дајанара Торес, како и двете најстари деца, Ариана и Чејс, што ги има од врската со Деби Росадо.

М. М. | Црнобело