Одат заедно на одмори и спијат во ист кревет – Како Бруклин Бекам се најде во брак во тројка?

Селена Гомез на шега вели дека и нејзиното име треба да биде вметнато во венчаницата на Бруклин Бекам и Никола Пелц. Како синот на Дејвид и Викторија Бекам се ожени за една, а цела година наназад живее со две жени?

odat-zaedno-na-odmori-i-spijat-vo-ist-krevet-kako-bruklin-bekam-se-najde-vo-brak-vo-trojka-01.jpg

Бруклин Бекам во април 2022-ра година се ожени за неговата сопруга Никола Пелц, а освен што го доби презимето на сопругата, се чини дека попатно доби уште една девојка.

Барем, вакви се коментарите што може да се видат до фотките на кои Бруклин е заедно со сопругата, но и со нејзината најдобра другарка Селена Гомез.

odat-zaedno-na-odmori-i-spijat-vo-ist-krevet-kako-bruklin-bekam-se-najde-vo-brak-vo-trojka-02.jpg

Бруклин, Никола и Селена за првпат беа видени заедно во ноември минатата година кога сопругата на Бекам објави видео на кое се гледа како друштвото, заедно со уште неколку други пријатели, ужива во вечерата подготвена од синот на Викторија и Дејвид Бекам.

По ова се чини дека нештата ескалираа многу брзо и „тројката“ е речиси неразделна. Тие заедно беа на одмор во Мексико во декември минатата година, а до фотографиите од јахта Селена Гомез напиша:

„Можете да нѐ нарекувате тројка“, а на една од нив се гледа дека сите тројца заедно спијат.

odat-zaedno-na-odmori-i-spijat-vo-ist-krevet-kako-bruklin-bekam-se-najde-vo-brak-vo-trojka-06.jpg

По ова, дел од медиумите пишуваа дека тие тројца многу се зближиле што Бруклин и Никола одлучиле да се вселат на имотот на Селена и дека таа на шега велела дека и нејзиното име треба да биде вметнато во венчаницата.

odat-zaedno-na-odmori-i-spijat-vo-ist-krevet-kako-bruklin-bekam-se-najde-vo-brak-vo-trojka-12.jpg

Наводно, Бруклин и Никола ја продале нивната куќа во Лос Анџелес и долго време биле во мал стан, а Селена им понудила да се вселат во нејзината куќа каде ќе имаат многу повеќе простор и голем двор.

odat-zaedno-na-odmori-i-spijat-vo-ist-krevet-kako-bruklin-bekam-se-najde-vo-brak-vo-trojka-09.jpg

Според неименувани извори, Никола на шега ја викала Селена, „сестра сопруга“, а Бруклин ја нарекувал г-ѓа Гомез Пелц.

За Нова година, тројката беше заедно во Мексико, а Селена и Никола се појавија во идентични фустани и објавија дека и двете имаат идентични тетоважи на рацете, на кои со ракописни букви е напишан зборот „ангел“.

odat-zaedno-na-odmori-i-spijat-vo-ist-krevet-kako-bruklin-bekam-se-najde-vo-brak-vo-trojka-10.jpg

odat-zaedno-na-odmori-i-spijat-vo-ist-krevet-kako-bruklin-bekam-se-najde-vo-brak-vo-trojka-11.jpg

Оттогаш па наваму, се чини дека тие тројца се неразделни. Кога Никола е зафатена, Бруклин сам излегува со Селена на вечера, а на црвениот тепих многу често тие тројца се појавуваат заедно.

Така, на Academy Museum Gala Бруклин Бекам беше заедно со Селена Гомез и Никола Пелц, а до заедничката фотографија што ја објави на Инстаграм, накратко напиша:

„Нашата годишнина“.

odat-zaedno-na-odmori-i-spijat-vo-ist-krevet-kako-bruklin-bekam-se-najde-vo-brak-vo-trojka-17.jpg

Со оглед на тоа што е познато дека тој со сопругата се венча во април минатата година, на сите брзо им стана јасно дека тој мисли на годишнината од пријателството меѓу нив и Селена, па затоа на насловната фотка со нив е и пејачката.

Погледнете повеќе нивни заеднички фотки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...
Спијат голи, имале посебна соба за секс: Работи кои Дејвид и Викторија Бекам ги открија за нивниот с... „Секоја вечер си легнувам со Дејвид, па, мислам дека би било погрешно само да сп...
12-те најмоќни парови кои издоминираа на Мет Гала 2023 (фото) Пирс Броснан уште еднаш докажа дека е вљубен во сопругата како во младоста, Брук...
Децата треба да учат од нив: Викторија и Дејвид и по 25 години брак вљубени на Валентајн „Што да му купиш на мажот што има сѐ“ – се пошегува Викторија до фотката од пода...
Дејвид Бекам храни кокошки, Памела Андерсон суши облека: Фото докази дека и ѕвездите се „обични“ луѓ... Хју Грант служеше храна во ресторан, Мила Кунис и Ештон Кучер натоварени се симн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg