Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот што ја одбележаа 2023

Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, непланираното бебе на Кортни Кардашијан и Тревис Баркер... Додека ги одбројуваме последните денови од 2023, да се потсетиме на шоу бизнис настаните што ја одбележаа годината.

priznanieto-za-neverstvo-na-dejvid-bekam-spushtenite-pantoloni-na-kanje-nastani-vo-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2023-01.jpg

Изминатата 2023-та година беше исполнета со голем број случувања во шоу бизнисот. Иако имаше еден подолг период кога актерите во Холивуд штрајкуваа, па немаше премногу возбудливи настани на црвениот тепих, ѕвездите не потфрлија благодарение на нивните случувања на приватен план.

Документарецот на Дејвид Бекам и биографската книга на Бритни Спирс беа топ теми во текот на годината, а дополнително имаше и повеќе други настани што успеаја да го привлечат вниманието на публиката од целиот свет.

Кои настани ја одбележаа 2023-та?

Канје Вест во тајност се ожени со Бјанка Сенсори

По разводот со Ким Кардашијан, Канје постојано се шеташе со различни девојки и многумина останаа збунети кога дознаа дека тој се оженил само два месеца подоцна, и тоа со девојка што премногу наликува на неговата бивша сопруга.

priznanieto-za-neverstvo-na-dejvid-bekam-spushtenite-pantoloni-na-kanje-nastani-vo-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2023-02.jpg 

Меган Фокс накратко се раздели од Машин Ган Кели

Ако 2021-ва и 2022-ра беа годините кога Меган Фокс и Машин Ган Кели беа еден од најпопуларните парови, оваа 2023-та за нив почна неславно.

Во февруари актерката ги избриша сите фотографии од нејзиниот Инстаграм профил и објави само една фотка со која остави цитат од Бијонсе за кој сите коментираа дека алудира на неверство и раскинување.

Постоеја дури и гласини дека се знае и девојката со која музичарот ја изневерил Меган, за потоа тие двајца да успеат да се смират, но на настаните да се појавуваат во мошне посмирени и попристојни изданија од претходно.

Неодамна Меган призна дека имала спонтан абортус и дека го изгубила бебето на Машин Ган Кели, а тоа особено ја погодило.

priznanieto-za-neverstvo-na-dejvid-bekam-spushtenite-pantoloni-na-kanje-nastani-vo-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2023-03.jpg

Кортни среде концерт објави дека е бремена, па имаше трауматична операција на бебето во стомакот

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер оваа година беа пресреќни откако станаа родители на синот Роки 13 Баркер.

Познато е дека тие двајца претходно одлучија да се откажат од постапките за ин витро оплодување и се препуштија на случајноста, по што Кортни среде концерт објави дека очекуваат бебе.

Кортни во публиката носеше транспарент на кој пишуваше: „Тревис бремена сум“, а речиси никој не веруваше дека со толкав стомак тапанарот не знаел дека неговата сопруга е во блажена состојба.

По ова, имаа застрашувачки моменти кога мораше итно да му се направи операција на бебето, а познато е дека Кортни и Тревис по породувањето не дозволиле никому да го види нивното бебе, па дури ниту на членовите на нивното потесно семејство.

priznanieto-za-neverstvo-na-dejvid-bekam-spushtenite-pantoloni-na-kanje-nastani-vo-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2023-05.jpg

Обвиненијата за силување на Пи Диди

2023-та година донесе големи главоболки и за раперот Пи Диди. Неговата поранешна девојка Каси го обвини дека 10 години физички, психички и сексуално ја злоупотребувал, па дури и ја терал да има секс со други машки проститутки со цел да ги задоволи сопствените воајерски потреби.

Случајот беше решен во вонсудска постапка, а имаше гласини дека раперот ѝ платил на поранешната девојка неколку стотици милиони долари со цел таа да не објавува други детали од нивниот заеднички живот.

priznanieto-za-neverstvo-na-dejvid-bekam-spushtenite-pantoloni-na-kanje-nastani-vo-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2023-07.jpg

Бритни откри дека имала абортус додека беше во врска со Џастин Тимберлејк

Бритни Спирс ја објави својата книга „Woman in Me“ каде изнесе голем број детали што претходно не ѝ беа познати на јавноста.

Но, речиси сите останаа изненадени кога пејачката призна дека абортирала на 18-годишна возраст затоа што нејзиниот тогашен дечко Џастин Тимберлејк го побарал тоа од неа.

priznanieto-za-neverstvo-na-dejvid-bekam-spushtenite-pantoloni-na-kanje-nastani-vo-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2023-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Објави фотки како го дои новороденото синче и се молзи – Што прави денес бунтовната „Токио“ од „La C... Бунтовничката позната како Токио од La Casa de Papel, неодамна го роди првиот си...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Ја тера да трча маратон, не прави ништо без него: Дали Тревис ја контролира (и изневерува) Кортни Ка... „Се облекува како него, сака постојано да биде со него. Прави сè што прави тој, ...
Ретки фотки од Хари и Меган на летен одмор – тој ја фрла ќерката во базен, таа во монокини се сонча Ретко имаме можност да ги видиме во вакво издание – Хари се бања со децата и ја ...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...

Најчитани неделава