Ѝ платил на Клаудија Шифер да му глуми девојка, обвиненија за сексуално злоставување: Скандалите на Дејвид Коперфилд

Со дијамантски прстен од 4,5 милиони долари ја запроси Клаудија Шифер, но никогаш не се венчаа. Има богатство од 800 милиони долари, а сака да направи Месечината да исчезне... Се сеќавате ли на најпознатиот светски магионичар Дејвид Коперфилд?

i-platil-na-klaudija-shifer-da-mu-glumi-devojka-obvinenija-za-seksualno-zlostavuvanje-skandalite-na-dejvid-koperfild-01.jpg

Дејвид Коперфилд е еден од најпознатите илузионисти на сите времиња, човекот кој своевремено со своите магионичарски трикови успеа да направи да исчезне Статуата на слободата, одеше низ Кинескиот ѕид, а неодамна најави и дека сака да направи да исчезне дури и Месечината.

Тој стана вистинска светска ѕвезда, а неговото богатство се проценува на околу 800 милиони долари.

Во 1990-те години, Коперфилд (67) беше на врвот на светската слава. 

И иако последниве години живее повлечено, тој деновиве повторно се најде на насловните страници на светските медиуми, а неговото име се поврзува со педофилот Џефри Епстин, со кого наводно бил близок и на чии разврати забави, присуствувал и самиот.

i-platil-na-klaudija-shifer-da-mu-glumi-devojka-obvinenija-za-seksualno-zlostavuvanje-skandalite-na-dejvid-koperfild-10.jpg

Ова не е прв скандал со кој се врзува славниот илузионист, напротив, низ годините тој неколкупати беше вмешан во големи афери за кои се пишуваше со месеци, не само во американските, туку и во светските медиуми.

Што знаеме за Коперфилд?

Дејвид бил тинејџер кога решил да влезе во светот на магијата и илузијата и тоа со една цел - да се ослободи од срамежливоста што ја имал пред спротивниот пол.

А, тоа му успеало, бидејќи во ‘90-тите, кога беше на врвот на славата, жените секогаш беа во првите редови на неговите настапи, а тој го користеше своето име за да ги шармира и заведе.

i-platil-na-klaudija-shifer-da-mu-glumi-devojka-obvinenija-za-seksualno-zlostavuvanje-skandalite-na-dejvid-koperfild-05.jpg

Меѓу оние кои „паднаа“ на неговиот шарм, но и впечатлив физички изглед, беше супермоделот Клаудија Шифер.

i-platil-na-klaudija-shifer-da-mu-glumi-devojka-obvinenija-za-seksualno-zlostavuvanje-skandalite-na-dejvid-koperfild-02.jpg

Германската манекенка и магионичарот се запознаа на еден од неговите настапи. Седум месеци подоцна тој ја запроси со прстен од 4,5 милиони долари.

Сепак, парот никогаш не се венча, а откако раскинаа во јавноста се појавија тврдења дека нивната врска била добро осмислен маркетиншки трик, кој му „ја кренал цената“ на Коперфилд, но и дека тој ѝ платил на Шифер да му глуми девојка.

i-platil-na-klaudija-shifer-da-mu-glumi-devojka-obvinenija-za-seksualno-zlostavuvanje-skandalite-na-dejvid-koperfild-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Скандалите на Лука Дончиќ - Со години се судеше со мајка му, сега води правна битка со бившата сврше... Во 2018 година Лука почна правна битка против својата мајка, а по 5 години ја по...
Дејвид Бекам скока радосно по победата и прекачува ограда за фанови, а Викторија е ледена кралица – ... „Сепак со причина ја викаат Posh Spice, а не Sporty Spice / Бесценетиот момент к...
Дејвид и Ромео згодни со тетовирани тела, на Викторија ѝ се „бројат“ коските - Бекамови летуваат на ... Папараците направија и фотки од Викторија, додека излегува од јахтата, облечена ...
Наоми Кемпбел (55) не старее - згодна во бикини, со тело како на 20-годишна девојка Доказ дека една од најпопуларните манекенки на сите времиња навистина изгледа од...
Од анонимен статист, до ѕвезда што ја освои и Зендеја: Како Џејкоб Елорди стана најпосакуваниот ерге... Во период од само неколку години, Џејкоб Елорди стана еден од најбараните холиву...
Дејвид Бекам емотивен за титулата „витез“ – Викторија горда, син му Бруклин го игнорира и си го рекл... Иако Дејвид Бекам доби една од највисоките почести што можат да се добијат во Ан...

Најчитани неделава