Дејвид и Ромео згодни со тетовирани тела, на Викторија ѝ се „бројат“ коските - Бекамови летуваат на јахтата од 16 милиони долари
- Детали
- петок, 24 јули 2026
Папараците направија и фотки од Викторија, додека излегува од јахтата, закотвена на Ибица. Облечена е во црн фустан без градник и отворен грб, а под него се гледа дека е „коска и кожа“ и ѝ се „бројат“ коските.

По крајот на Светското првенство во фудбал, што се играше во Мексико, Канада и САД, Дејвид Бекам (51) и неговото семејство се вратија во Европа, на летување на Медитеранот.
Некогашниот фудбалски ас се одмора на својата јахта, Seven, со сопругата Викторија (52), а друштво им прават синот Ромео (23) и неговата девојка Ким Турнбул.

Луксузната јахта во моментов е закотвена на Ибица, а папараците успеаја да направат фотографии од нивниот одмор.

На дел од нив се Дејвид и Ромео Бекам, двајцата замотани во бели пешкири околу половината, со голо торзо на кое се гледаат бројните тетоважи.

Таткото и синот изгледаат скоро идентично, со истетовирани раце, гради, иако Ромео има многу помалку тетоважи од својот славен татко.

Папараците направија и фотки од Викторија, додека излегува од јахтата, облечена во црн фустан без градник и отворен грб, а под него се гледа дека е „коска и кожа“ и ѝ се „бројат“ коските.

Сепак, семејството се забавува, особено Ромео, кој со девојката возеше џет-ски близу брегот на Ибица.

Погледнете повеќе фотографии:







А. Ј. | Црнобело