Трансформацијата на сестрата на Дејвид Бекам: Од неуредна фризерка која сака забави, до елегантна дама
- Детали
- четврток, 13 ноември 2025
Ако некогаш помалата сестра на Дејвид Бекам беше позната по тоа што сака да излегува и да се забавува, сега зрачи елеганција и изгледа подобро од кога било.

Иако Дејвид Бекам е меѓу најпознатите фудбалери во светот, голем дел од јавноста не знае за неговите сестри – Џоан и Лин Бекам.
Постарата сестра, Лин, речиси и да не се појавува во јавност, додека помладата Џоан повремено ужива во вниманието кога се појавува на семејните настани на Бекамови.
Последно, 43-годишната Џоан присуствуваше на забавата на Дејвид по повод неговото прогласување за витез и ја покажа нејзината драстична трансформација.
Со години наназад, Џоан е позната во кругот на славните како сестрата на Дејвид, а почнаа да ја следат и папараци.
Но, на многу папарацо фотки, Џоан изгледаше далеку од гламурозно. Џоан сакаше и да излегува, па била уловена во неколку непријатни изданија.
Сепак, на новите фотки од прославата на Дејвид, Џоан изгледа како холивудска ѕвезда.
43-годишанта Џоан, која работи како фризерка, е самохрана мајка која е разведен од татко на нејзиното дете.
А, нејзините блиски велат дека кога нејзината седумгодишна ќерка почнала да оди во училиште, Џоан имала повеќе време за себе.
Престанала да јаде нездрава храна, драстично намалила со алкохол и почнала да вежба.
„Џо има повеќе време да се фокусирана себе и резултатите се неверојатни. Отсекогаш била убава девојка, но сега изгледа прекрасно“.
Изворите блиски до Џоан додаваат и дека таа не сака да привлекува внимание, но добро се справува.
„Џоан не го сака вниманието од јавноста, но е многу горда на Дејвид. Тешко е да се замисли како е да се биде сестра на Дејвид Бекам. Таа не посакала слава, но досега добро се справува“.
Според блиските, Џоан уште нема најдено љубов, а некои сметаат дека и Дејвид имал удел во сето тоа.
„Замислете Дејвид Бекам да ви е брат. Многу мажи го ценат како фудбалер, па тоа би била чудна ситуација. Па, Џоан немала многу среќа кога се во прашање партнери.
Но, Бекамови ја сакаат и се надеваат дека еден ден ќе се омажи и ќе биде среќна“.
Но, иако можеби нема партнер, блиските истакнуваат дека Џоан ја има целата поддршка од Дејвид, но и од Викторија со која е многу блиска.
Што се однесува до постарата сестра Лин, и таа добив поддршка од Дејвид, но поумешно се крие од јавноста.
Сепак, ова не значи дека не е блиска со фудбалерот.
„За Дејвид, семејството е најважното нешто. Ги обожава неговите сестри и би направил сè за нив.
Пресреќен е кога се сите заедно – мајка му, татко му и неговите сестри“.
Спирова С. | Црнобело
