Рајан Гослинг под капа ја крие косата, дечкото на Кејт Мос со дупка во чевлите: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ луѓе
- Детали
- сабота, 20 јануари 2024
Адријана Лима прошета со партнерот во црно сако и патики, Том Хенкс покажа дека и по 3 децении брак, сè уште ужива во заедничките прошетки со сопругата, а Џенифер Гарнер се беше излезена со зимска јакна и розово капче. Кои ѕвезди ни докажаа дека се „обични“ луѓе?
Изминатата недела имаше голем број важни настани на кои присуствуваа дел од најпознатите холивудски ѕвезди. На црвениот тепих беа средени и дотерани, а во таблоидите се појавија и повеќе папараци фотки што докажуваат дека кога ќе се симнат шминката и гламурот, тие се само обични луѓе со свои секојдневни потреби и обврски.
Кој успеа да остане среден и преку ден, а кој мораше бушавата коса да ја крие под капа?
Погледнете повеќе „обични“ фотографии од ѕвездите во продолжение:
Џенифер Гарнер разговара на телефон додека се шета во зимска јакна и со розова капа
Том Хенкс со сопругата Рита Вилсон на шопинг
Кортни Кокс ги облече кучињата во смешни костими
Дечкото на Кејт Мос со огромна дупка на чевлите додека го слават нејзиниот 50-ти роденден
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





