Крадел леб и спиел на под пред да стане љубов на Саманта во „Сексот и градот“ – Како изгледа денес Смит Џерод (54)?
- Детали
- сабота, 25 јули 2026
„Одреден период гладував, крадев багет и сенф од маси, немав пари за друго“ - актерот кој го глумеше заводникот Смит во „Сексот и градот“ денес има 54 години и открива детали од животот пред да се прослави, кога барал работа како модел во Париз.
Се сеќавате ли на згодниот заводник Смит Џерод, кој во „Сексот и градот“ го освои срцето на Саманта Џонс?
На своја 21 година, актерот Џејсон Луис, се прослави како дечкото на Саманта и воодушеви со својот изглед, a пред да се пушти во актерските води, работеше и како модел.

Денес тој има 54 години, уште изгледа одлично и одржувано, а неодамна откри непознати детали за себе во младоста.

Во гостување во подкаст кај Кристин Дејвис, позната како Шарлот, која му беше колешка во хит серијата, тој зборува и за периодот кога работел како модел и за почетоците во својата кариера.
Џејсон на модна писта во 90-тите
„Кога првпат дојдов во Париз, немав некоја голема цел, бев само младо дете, наполнив 21 година пред да дојдам таму.
Бев во друга држава, сам, без телефони за ѕвонење дома. И како што се ближеше датумот за враќање назад, сфатив дека е подобро да останам, дека ќе имам подобри можности и го скинав билетот.
Но не тргна веднаш на добро. Гладував некој период...

Ќе отидев во пекарница, ќе украдев багет и потоа одев во кафуле на отворено, ќе земев сенф од масите и генерално најголем дел од оброците ми беа сендвичи со сенф...
Така што имаше 6-месечен период на гладување. Можев да си купам само една краставица и едно парче сирење. Лесно беше да останам слаб“ – вели тој со смеа.
Потоа некако му се посреќило, добил работа и почнал да заработува, а првите пристојни пари дошле дури година и половина подоцна.
Подоцна тој го привлекол вниманието и на кастинг тимот на „Сексот и градот“ и така ја добил улогата која му донесе голема слава.

Неодамна, Џејсон се врати на Инстаграм по 3 години отсуство, каде најави дека моментално направил кариерна промена и пишува серијал книги, па за таа цел и се преселил во Коста Рика за да се изолира и фокусира.
Во интервју за Hollywood Reporter, тој изјави:
„Се будам околу 4 часот наутро, пешачам или трчам по плажа, па потоа пијам кафе, па седнувам да пишувам, па појадувам и потоа пак се враќам на биро. Секојдневно пишувам“.
Неколку понови фотки од Џејсон:




М. М. | Црнобело