Копија на татко ѝ: Што прави и како изгледа денес ќерката на Михаел Шумахер?

Џина Шумахер, 25-годишната ќерка на познатиот Формула 1 возач, има 26 години, стана шампион во јавање и е вистинска копија на нејзиниот познат татко.

kopija-na-tatko-shto-pravi-i-kako-izgleda-denes-kjerkata-na-mihael-shumaher-01.jpg

Кога станува збор за децата на познатите личности, нивните фанови секогаш сакаат да дознаат нешто повеќе.

Додека растеа Џина Марија Шумахер и Мик Шумахер, нивниот татко Михаел Шумахер сакаше да ги заштити од медиумите, па тие детството го поминаа далеку од очите на јавноста.

Но, сè се промени кога тие пораснаа, отворија профили на социјалните мрежи, па нивните фотографии станаа лесно достапни за јавноста.

На почетокот на годината, Шумахер наполни 55 години, а ќерка му Џина објави неколку фотографии и со емотивна порака му го честита роденденот на својот татко. Така и го сврте вниманието кон себе.

Она што можеби малкумина знаат е дека најголема страст на Џина се коњите и јавањето.

kako-izgleda-kjerkata-na-sumaher-02_copy_copy.jpg 

За разлика од нејзиниот помал брат кој тргна по стапките на татка си, Џина стана искусен џокеј, благодарение на љубовта кон екстремните спортови и авантурите.

Џина ја споделува својата љубов кон коњите со нејзината мајка, Корина, која и самата е исклучителен јавач и одгледувач.

Ќерката на Шумахер во 2017 година успеа да освои златен медал на Светското првенство на ФЕИ во Швајцарија.

kako-izgleda-kjerkata-na-sumaher-03.jpg

Џина Марија многупати зборуваше за тоа како спортот ѝ помогнал да се справи со тешката повреда на нејзиниот татко, која засекогаш ги промени животите на целото семејство.

Денес Џина е верена за Иан Бетке кој исто така е вљубеник во коњите и јавањето.

Да потсетиме, светскиот шампион во Формула 1 Михаел Шумахер беше тешко повреден на 29 декември 2013 година на скијање на Алпите.

Поради повреда на главата тој беше во кома, од која се разбуди околу шест месеци по несреќата, а за неговата состојба оттогаш знаеме многу малку.

Како и остатокот од нејзиното семејство, Џина јавно не открива информации за состојбата на нејзиниот татко, но понекогаш објавува семејни фотографии од минатото.

Односот на Шумахер со неговата ќерка беше нешто навистина посебно. На прашањето што значело за него да ја има Џина во неговиот живот, Шумахер со гордост има изјавено:

„На мојата скала за среќа, победата вреди три поени, а денот со Џина вреди 20 поени. Ова мало суштество од мене направи поинаква личност“, зборуваше Шумахер по раѓањето на својата ќерка.

Повеќе фотографии од Џина на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Клои Кардашијан со ретка изјава за нејзината маќеа: „Се венча со татко ми кога беше на смртна постел... Шест недели пред да почине од рак, Роберт Кардашијан се венчал со третата сопруг...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...
Ретки фотки од Хари и Меган на летен одмор – тој ја фрла ќерката во базен, таа во монокини се сонча Ретко имаме можност да ги видиме во вакво издание – Хари се бања со децата и ја ...

Најчитани неделава