Патувале со 156 куфери, мебелот го менувале на 6 месеци заради кучињата – Луксузниот живот на Елизабет Тејлор и Ричард Бартон
- Детали
- петок, 02 февруари 2024
Патувале со огромен број асистенти, па резервирале повеќе од 20 соби во хотелите. Носеле повеќе од 150 куфери со себе, а нивните кучиња оделе секаде со нив... Како изгледал луксузниот живот на Елизабет Тејлор и Ричард Бартон?
Актерите Ричард Бартон и Елизабет Тејлор беа во брак двапати, заедно снимија 11 филмови, а за нивниот луксузен начин на живот и до ден-денес се зборува.
Самиот Бартон во една пригода изјавил: „Јас ја научив Елизабет да пие пиво, таа ме запозна со Bulgari“.
Актерите започнале афера додека глумеле во филмскиот хит Cleopatra од 1963-та и стапиле во брак една година подоцна, во 1964-та, кога актерката имала 32, а актерот 38 години.
Авторот Роџер Луис во неговата книга Erotic Vagrancy што наскоро треба да биде објавена, пишува за луксузните патувања и начинот на живот на Елизабет и Ричард, па споделува неколку податоци што досега не ѝ биле познати на јавноста.
Прочитајте повеќе факти за луксузниот живот на двајцата актери:
Кога Ричард и Елизабет заминале на Taormina Film Festival во 1967, со себе носеле 156 куфери. Со нив имале секретарки, шминкери, куќни помошнички, фотограф, тутори, телохранители, медицински сестри, бизнис менаџери, возачи, батлери, па дури и луѓе задолжени за пакување на куферите.
За време на посетата на Hotel Lancaster во Париз, тие резервирале 21 соба, па дури и нивните кучиња ги придружувале во рестораните и јаделе само храна од менито за луѓе.
Во 1967-ма актерите купиле луксузна јахта наречена Kalizma која имала седум соби, 3 тоалети и оружарница полна со полу-автоматско оружје.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





