Ги освои жените ширум светот со улогата во серијата „The Gentlemen“ - Кој е Тео Џејмс?

Има грчко потекло, освојува женски срца со неодоливиот изглед, стекна голема популарност со улогите во „Divergent“ и „The White Lotus“, а сега е актуелен по хит серијата на Нетфликс „The Gentlemen“.

gi-osvoi-zenite-shirum-svetot-so-ulogata-vo-serijata-the-gentlemen-koj-e-teo-dzejms-01.jpg

Главната ѕвезда на серијата на Нетфликс „The Gentlemen“, е британскиот актер Тео Џејмс. 

Серијата е создадена под режисерската палка на Гај Ричи, а именувана е по неговиот истоимен филм кој излезе во 2019 година. 

Во серијата Џејмс го глуми Еди Хоринман - отуѓениот помлад син на англиски аристократ кој го наследува семејниот имот по смртта на својот татко. 

Тој е дополнително шокиран кога дознава дека имотот е всушност империја на канабис. 

Иако Еди не сака да се занимава со криминални работи, му се допаѓа улогата на гангстер и станува добро познато име во тој свет. 

Меѓутоа, во бизнисот наидува на бројни непријатели кои сакаат да му ја одземат деловната империја.

gi-osvoi-zenite-shirum-svetot-so-ulogata-vo-serijata-the-gentlemen-koj-e-teo-dzejms-08.jpg

Освен со талентот за глума, Тео освојува и со својот изглед. Целосното име му е Теодор Питер Џејмс Кинерд Таптиклис.

Потекнува од големо семејство, во кое тој е најмало дете. Има двајца постари браќа и две постари сестри.

Неговиот татко Филип Таптиклис потекнува од Грција, а мајка му од Шкотска.

gi-osvoi-zenite-shirum-svetot-so-ulogata-vo-serijata-the-gentlemen-koj-e-teo-dzejms-02_copy.jpg

Роден е на 16 декември 1984 година во Хај Вајкомб.

Со знаење за глума се стекнал во драмското училиште „Bristol Old Vic Theatre School“.

Додека студирал, сфатил дека ако сака да се занимава со глума мора да има едноставно име.

Неговото презиме на многумина им е тешко да го изговорат, па своето средно име го избрал за презиме.

gi-osvoi-zenite-shirum-svetot-so-ulogata-vo-serijata-the-gentlemen-koj-e-teo-dzejms-04.jpg

Еден период наместо со глума, сакал да се занимава со музика.

Музиката била негов сон, знае да пее, но не е музички образован, па сепак се задржал на актерството.

Набрзо по дипломирањето добил улога во британската серија „Downton Abbey".

Се ипробал и на филмското платно, но вистинска слава стекна со улогата во филмската трилогија „Divergent", каде ја има улогата на Тобијас Итон или „Four“.

Улогата во трилогијата резултирала со голем број обожавателки, а исто така порасна и неговиот професионален успех и интересот на режисерите за овој маркантен актер.

Стана и заштитно лице на парфемот Hugo Boss The Scent.

Од големо значење за неговата кариера е улогата на Камерон во серијата „The White Lotus“ во 2022 година со која ги воодушеви и гледачите и критичарите и ја доби првата номинација за престижната телевизиска награда Еми за најдобра споредна машка улога во драмска серија.

gi-osvoi-zenite-shirum-svetot-so-ulogata-vo-serijata-the-gentlemen-koj-e-teo-dzejms-05.jpg

После ова, сè тргнува на подобро и актерот ја добива главната улога во „The Gentleman“ во која сетот го дели со Даниел Ингс и Каја Скоделарио. 

Серијата во продукција на Нетфликс има висока оцена од 8,4 на ИМДБ и цело време е на листата на најпопуларните содржини на популарната стриминг платформа.

Следно на што ќе се посвети е филмот „The monkey“, кој е инспириран од приказната на Стивен Кинг од 1980 година за играчката мајмун кој може да усмртува само со плескање на своите чинели, а Џејмс овој филм го опишува како „возвишен хорор филм“.

gi-osvoi-zenite-shirum-svetot-so-ulogata-vo-serijata-the-gentlemen-koj-e-teo-dzejms-07.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Една актерка почина, друга се тужи со режисер: Што се случи со ѕвездите од Gossip Girl? Актерот што го глуми Чак Бас беше обвинет за силување, па си ја уништи кариерата...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Му забраниле да служи војска, почина на само 32 години: Тажни детали од животот на Брус Ли Неколкупати ја запросил првата девојка, но таа го одбила, а почина на 32-годишна...
Холивудски ѕвезди што ги следи „оскаровската клетва“: Уништени кариери, семејни проблеми Откако двапати освои Оскар за најдобра актерка во главна улога, Хилари Свонк не ...
Гледал нејзин филм 75 пати, ја засакал и пред да се запознаат - Љубовната приказна на Емили Блант и ... Актерите Емили Блант и Џон Красински се доказ дека и во Холивуд е можна вистинск...
Се прослави покрај Џорџ Клуни, ја остави глумата за да биде со децата - Како Ноа Вајл се врати на го... Беше еден од милениците на Холивуд во 1990-тите, кога глумеше во серијата E.R по...

Најчитани неделава