7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа
Џенифер Лопез и Бен Афлек
Можеби најпозната љубовна приказна од светот на славните.
Своевремено, Бен и Џеј Ло беа омилениот славен пар. Тие се запознаа на сетот на филмот Gigli, во период кога Џеј Ло беше во брак.
Според Бен, брзо се спријателиле, а кога пејачката се разведе, тие јавно кажаа дека се пар.
Во 2002-ра, открија и дека се свршиле. Неколкупати ја одложија свадбата, но во 2004-та раскинаа.
Бен и Џеј Ло ја обновија врската скоро две децении подоцна, во 2021-ва.
Во 2022-ра соопштија дека се свршиле и истата година се венчаа и сè уште се заедно.
Дакс Шепард и Кристен Бел
Дакс и Кристен ја почнаа врската во 2007 година. Но, само три месеци подоцна, Дакс ѝ раскинал.
Наводно, тој се гледал и со други девојки, па затоа сметал дека треба да се разделат со Кристен.
Сепак, набрзо сфатил дека погрешил и ја молел да му прости речиси веднаш по раскинувањето.
Парот се венча во 2013-та и до денес се заедно.
Адам Левин и Бехати Принслу
Пејачот и манекенката ја почнаа врската во 2012 година, и тоа откако Адам ѝ раскина на пријателка на Бехати.
Сепак, во 2013-та тие се разделија, а Адам беше поврзуван со друг супермодел.
Истата година, Адам и Бехати не само што се смирија, туку и се свршија, изјавувајќи дека разделбата била најлошата одлука што ја донеле и двајцата.
Тие се венчаа нешто помалку од една година подоцна и уште се заедно.
Џастин Тимберлејк и Џесика Бил
Џастин Тимберлејк и Џесика Бил ја почнаа врската во 2007-ма, а раскинаа околу четири години подоцна.
Само неколку месеци подоцна, Џастин се отвори за разделбата изјавувајќи дека Џесика била најважната личност во неговиот живот.
Во 2011-та, тие сепак ѝ дадоа втора шанса на врската, а следната година и се венчаа.
Спирова С. | Црнобело