Бурниот живот на Лајза Минели: Сопругот ја изневерувал со мажи, 4 пати се разведувала

Поранешниот шофер ја тужел за сексуално малтретирање, додека за двајца од нејзините сопрузи има гласини дека биле хомосексуалци – детали од бурниот живот на Лајза Минели.

burniot-zhivot-na-lajza-mineli-soprugot-ja-izneveruval-so-mazhi-4-pati-se-razveduvala-01.jpg

Лајза Минели е една од најпознатите ѕвезди од „златната ера“ на Холивуд, а нејзината кариера се протега низ неколку децении. Има 78 години, а досега се докажала како актерка, пејачка и танчарка.

Таа е всушност ќерка на актерката Џуди Гарланд, која своевремено беше најголемата ѕвезда во Холивуд.

А, животот на Лајза Минели е ништо помалку од импресивен – покрај успешната кариера, зад себе има многу награди, четири брака, но и бројни скандали.

Детали од бурниот живот на Лајза Минели:

Четвртиот сопруг ја тужеше за семејно насилство

Четвртиот и последен сопруг на Лајза Минели е продуцентот Дејвид Гест.

Тие беа во брак само 16 месеци, а се разведоа во 2003 година.

Разводот привлече многу внимание, особено поради тоа што Дејвид ја тужеше пејачката за семејно насилство кое му предизвикало бројни проблеми со здравјето.

Дејвид тврдеше и дека поради Лајза, станал анорексичен.

burniot-zhivot-na-lajza-mineli-soprugot-ja-izneveruval-so-mazhi-4-pati-se-razveduvala-02.jpg

Поранешниот шофер ја тужеше за сексуално малтретирање

Кратко по четвртиот развод, пејачката се соочи со уште една тужба, овој пат од нејзиниот поранешен шофер кој работел за неа околу десет години.

Во тужбата, шоферот ја обвинил Лајза за напад, прекршување на договорот, па дури и сексуално вознемирување.

Наводно, таа му се заканувала дека ќе го отпушти од работа ако не спие со неа.

Плашејќи се дека ќе ја загуби работата, тој спиел со неа.

На крај, шоферот и пејачката го решија случајот надвор од судница, но не е познато што добил шоферот.

burniot-zhivot-na-lajza-mineli-soprugot-ja-izneveruval-so-mazhi-4-pati-se-razveduvala-03.jpg

За двајца сопрузи имаше гласини дека се хомосексуалци

Првиот сопруг на пејачката е Питер Ален кој имал афера со неговиот очув додека бил со Лајза.

И, тој воопшто не ги криел неверствата – првпат бил фатен со друг маж на свадбата со Лајза.

Четвртиот сопруг на Лајза – Дејвид Гест – самиот негира дека е хомосексуалец, но бројни пријатели на парот тврдат дека преферирал мажи.

burniot-zhivot-na-lajza-mineli-soprugot-ja-izneveruval-so-mazhi-4-pati-se-razveduvala-04.jpg

И татко ѝ најверојатно бил хомосексуалец

Таткото на Лајза – Френк Гум – е вториот сопруг на мајка ѝ Џуди Гарланд.

Наводно, додека живеел во Њујорк, тој не ја криел својата сексуална ориентација и живеел со партнер.

Решил да го скрие фактот дека е хомосексуалец откако се преселил во Холивуд.

Џуди Гарланд дознала за ова дури откако се венчале бидејќи го фатила во кревет со друг маж и наводно, по ова пробала да изврши самоубиство.

burniot-zhivot-na-lajza-mineli-soprugot-ja-izneveruval-so-mazhi-4-pati-se-razveduvala-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Бурниот живот на Хрватката Нина Мориќ - глумеше во спот на Рики Мартин, ја „разведе“ Лима, обиди за ... Најпознатата хрватска манекенка на сите времиња, Нина Мориќ (46), живее бурен жи...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Дејвид Бекам храни кокошки, Памела Андерсон суши облека: Фото докази дека и ѕвездите се „обични“ луѓ... Хју Грант служеше храна во ресторан, Мила Кунис и Ештон Кучер натоварени се симн...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg