5 познати личности кои биле убиени од фанови (и зошто)

Џон Ленон, но и Џани Версаче, основачот на луксузниот моден бренд – кои познати личности биле убиени од фанови?

poznati-lichnosti-koi-bile-ubieni-od-fanovi-i-zoshto-01.jpg

Многумина копнеат по слава како на познатите актери и музичари, но како сите да забораваме која е цената што ја плаќаат за својата популарност.

Кога за вас знае целиот свет, лесно е да станете мета на луѓе со секакви растројства.

Иако познатите личности секогаш имаат лично обезбедување, некогаш ни тоа не е доволно за да бидат заштитени.

Всушност, постојано слушаме и приказни за познати личности кои биле демнети од опседнати фанови. Но, некои фанови отишле предалеку.

Познати личности кои биле убиени од фанови:

Џон Ленон

Кога беше на врвот на славата, 40-годишниот Џон Ленон беше застрелан петпати пред неговиот стан во Менхетн.

Музичарот почина на 8-ми декември 1980 година, а неговиот убиец е Марк Дејвид Чапман, кој бил обожавател на The Beatles.

И до денес не е познато кој бил точниот мотив на убиецот.

Наводно, тој давал контрадикторни изјави кога бил прашуван за ова – некогаш велел дека само сакал да стане познат, а некогаш тврдел дека го убил Ленон поради своите духовни верувања.

poznati-lichnosti-koi-bile-ubieni-od-fanovi-i-zoshto-02.jpg

Во 2010-та година, Чапман откри дека на неговата листа имало и други познати личност, како Елизабет Тејлор и Пол Мекартни.

Исто така, има изјавено дека иако го сакал бендот на Ленон, ја мразел неговата соло песна Imagine поради пораката што ја пренесувала.

Една година по убиството, Чапман беше осуден на затворска казна од најмалку 20 години и неколкупати му беше одбиено барањето за намалување на истата.

poznati-lichnosti-koi-bile-ubieni-od-fanovi-i-zoshto-03.jpg

Џани Версаче

Џани Версаче, основачот на познатиот моден бренд, беше убиен на 15-ти јули 1997 година.

Тој излегол да си купи кафе и кога се враќал во својот дом во Мајами, бил застрелан во главата.

Убиецот е Ендру Куанан кој пред убиството тврдел дека е пријател на дизајнерот.

poznati-lichnosti-koi-bile-ubieni-od-fanovi-i-zoshto-04.jpg

Подоцна семејството на Версаче изјави дека тој и убиецот не биле пријатели и не им било јасно зошто го убил.

Ни полицијата никогаш не добила одговори бидејќи Ендру извршил самоубиство шест дена по смртта на Версаче.

Претходно, тој убил уште пет други мажи во неколку различни американски држави.

poznati-lichnosti-koi-bile-ubieni-od-fanovi-i-zoshto-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Одат заедно на одмори и спијат во ист кревет – Како Бруклин Бекам се најде во брак во тројка? Селена Гомез на шега вели дека и нејзиното име треба да биде вметнато во венчани...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
„Не сум совршена, но горда сум со себе“ – Селена Гомез искрена за промените на нејзиното тело, им од... „Нереално е да очекувате телото на нормалната жена да не се промени... Сфатив де...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg