Мајка му му ставала седативи во храната кога бил дете, земал по 60 таблети дневно – Како Еминем се избори со зависностите?

Зависностите кај него предизвикале агресија, па тој се истурал врз секој што ќе се осмелел да му каже дека има проблем.

Самиот вели дека не бил ниту свесен дека има проблем, затоа што не консумирал дроги од улица, туку лекови.

„Пиев толку многу таблети, што веќе не ги ни пиев за да бидам под дејство. Ги земав за да се чувствувам нормално.

Не дека не бев под дејство, туку морав да земам огромна количина за да почувствувам нешто“ – рече тој и додаде дека се случувало во еден ден да земе по 60 таблети против болка и за смирување.

majka-mu-mu-stavala-sedativi-vo-hranata-koga-bil-dete-zemal-po-60-tableti-dnevno-kako-eminem-se-izbori-so-zavisnostite-05.jpg

Блиска средба со смртта и закрепнување

Но, во декември 2007-ма година, раперот наместо лекови за смирување почнал да зема метадон, супстанца од којашто речиси се предозирал.

Самиот откри дека ако стигнел во болницата само 2 часа подоцна веќе ќе бил мртов, затоа што кога го пренеле таму, веќе неговите органи почнале да откажуваат, а речиси никој не верувал дека ќе преживее.

По ова решил дека мора да се излекува од зависностите. Пат којшто воопшто не бил лесен. Со помош на советник за рехабилитација, поминал тежок пат на детоксикација.

majka-mu-mu-stavala-sedativi-vo-hranata-koga-bil-dete-zemal-po-60-tableti-dnevno-kako-eminem-se-izbori-so-zavisnostite-11.jpg

На почетокот му се случувало три недели да не заспие по 24 часа, а вели дека морал да научи повторно да комуницира и да се движи, но и да биде среќен без да користи опојни супстанци.

Во моментот кога си заминал од рехабилитација имал 104 килограми, па знаел дека мора да направи нешто за да ослаби.

majka-mu-mu-stavala-sedativi-vo-hranata-koga-bil-dete-zemal-po-60-tableti-dnevno-kako-eminem-se-izbori-so-zavisnostite-10.jpg

Раперот за себе вели дека има мозок што е склон кон зависности, па така сè се променило кога почнал да трча, затоа што тоа му помогнало да се чувствува добро и да заспие полесно.

Сега вели дека зависноста од лекови, ја заменил со зависност од трчање.

majka-mu-mu-stavala-sedativi-vo-hranata-koga-bil-dete-zemal-po-60-tableti-dnevno-kako-eminem-se-izbori-so-zavisnostite-12.jpg

Така, во еден период се случувало да трча и по 30 километри дневно на лента за трчање, во две серии, пред да оди во студиото на снимање, но и откако ќе се врател дома.

Сепак, со текот на времето успеал да ги стави работите под контрола и да се отрезни.

Затоа сега секоја година споделува фотка со која ја означува годишнината од својата трезност – како мотивација за сите оние што се борат со зависностите.

majka-mu-mu-stavala-sedativi-vo-hranata-koga-bil-dete-zemal-po-60-tableti-dnevno-kako-eminem-se-izbori-so-zavisnostite-07.jpg

Прочитајте и Тажни детали од животот на Еминем: Речиси умре од предозирање со дрога, мајка му го малтретирала

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Луисана Лопилато наполни 39 години и испрати моќна порака: „Грешев, плачев, се пронаоѓав – и во најт... Неодамна прослави 15 години со саканиот, со кого има 4 деца, од кои едното на 3 ...
Дамиано Давид прослави 2 години врска со саканата, која му порача: „Животот стана толку убав откако ... „Најдобрите 2 години од мојот живот... Најмалку еднаш неделно се расплакувам, за...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...

Најчитани неделава