Славни личности кои поминаа со лесни казни за големи прекршоци

Џек Николсон

Низ годините, познатиот актер бил обвинуван за безброј работи, но тешко дека бил казнет за нешто.

Во 1990-тите, актерот беше обвинет за напад на сексуална работничка откако одбил да ѝ плати за услугата.

Подоцна жената изјави дека актерот ја нападнал толку силно, што ѝ се чинело дека се обидува да ја убие.

Од непознати причини, актерот не доби никаква казна.

Повторно во 1990-тите, актерот нападнал и возач по автопат и избегна казна бидејќи му дал пари.

slavni-lichnosti-koi-pominaa-so-lesni-kazni-za-golemi-prekrshoci-05.jpg

Коби Брајант

Во 2003 година, кошаркарот беше обвинет од 19-годишна девојка за сексуален напад.

Подоцна девојката одлучи дека не сака да сведочи и кошаркарот не се најде пред суд. Наводно тие направиле приватна спогодба и до денес не се знае дали Коби ѝ исплатил некаква оштета и што точно се договориле.

Но, самиот има изјавено дека имал односи со неа, како и дека не побарал дозвола, што за многумина е еднакво на силување.

Девојката, пак, отишла во болница по нападот каде што било утврдено дека имала модринки на вратот и повреди на вагиналниот ѕид кои укажувале на силување.

Истовремено, нејзината долна облека била извалкана со крв, исто како и блузата на кошаркарот.

Тој период кошаркарот изгуби неколку спонзори, но продолжи да игра и популарноста му се зголеми. До неговата трагична смрт, тој не доби казна за ова дело.

slavni-lichnosti-koi-pominaa-so-lesni-kazni-za-golemi-prekrshoci-06.jpg

Мајк Тајсон

Контроверзиите не се ништо ново за боксерот, а во 1992-ра тој беше обвинет и за силување.

Наводно, тој ја силувал жртвата во автомобил, откако ја запознал во ноќен клуб.

Боксерот се нема огласено за случајот кој наводно уште „се влече“ по судови.

slavni-lichnosti-koi-pominaa-so-lesni-kazni-za-golemi-prekrshoci-07.jpg

Џон Ленон

Џон Ленон самиот има изјавено дека бил насилен кон жени, но ова не го спречи да стане најпознатиот музичар на сите времиња. И, како останатите на листава, не одговарал за насилството.

„Бев суров кон моите девојки, напаѓав и физички... Кога не можев да се искажам, удирав. Се тепав со мажи и тепав жени“, има изјавено тој во интервју за Плејбој.

До неговата смрт, Џон Ленон не бил одведен ни на суд за насилството што самиот го призна.

slavni-lichnosti-koi-pominaa-so-lesni-kazni-za-golemi-prekrshoci-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Мел Гибсон (69) побара развод од 34 години помладата сопруга - Имаат син, се колнеше дека никогаш не... Неофицијално, актерот е тој што решил да „пресече“ и поднел документи за развод ...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Пијан ја истепа бившата девојка, цел живот мака мачи со алкохолот: Најголемите скандали на Мел Гибсо... Неколкупати бил апсен за возење под дејство на алкохол, а не се срами да ги спод...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
По болно раскинување, неколку години е сингл: Зошто таинствениот Мајкл Б. Џордан бега од љубов? „Тазе“ оскаровецот Мајкл Б. Џордан е сингл од 2022-ра, откако раскина двегодишна...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава