Најемотивниот момент на концертот на Coldplay во Атина – Хронично болно девојче пееше со Крис Мартин на сцената

Подолго време пред концертот била во болница, а потоа со сестра ѝ допатувала од Кипар во Атина за да упати силна порака. Која е Елена Николау, девојчето што го „украде шоуто“ на Coldplay во Атина?

publikata-vo-atina-me-krena-za-da-se-vidi-napisot-hronichno-bolna-devojka-go-ukrade-shouto-na-coldplay-01.jpg

Светски познатиот бенд Coldpay викендов ја започна својата светска турнеја од главниот град на Грција, Атина, каде што изведоа голем број познати хитови и нумери.

Но, освен спектакуларниот перформанс на бендот, се чини дека шоуто го украдоа две сестри од Кипар, кои во солзи се качија на сцената, па испеаја една од најпознатите песни.

publikata-vo-atina-me-krena-za-da-se-vidi-napisot-hronichno-bolna-devojka-go-ukrade-shouto-na-coldplay-02.jpg

Андреа и Елена Николау беа повикани од страна на фронтменот на групата, Крис Мартин да се качат на сцената.

Андреа е хронично болно девојче кое на концертот во публиката носело натпис:

„Хроничната болест го прави секојдневниот живот тежок, но твојата музика го прави секојдневниот живот подобар. Може ли да пееме заедно?“

 

Емотивниот момент во кој Андреа на сцената низ солзи ја испеа песната „Everyday Life“ заедно со сестра ѝ и фронтменот на групата, масовно се споделува на социјалните мрежи, а двете сестри за грчките медиуми раскажуваат како дошло до тоа тие да бидат поканети на сцената.

„Вчера се случи вистинско чудо затоа што ја почувствувавме љубовта и сонот на Андреа стана реалност.

Уште во 10 часот утрото бевме пред стадионот каде што се одржуваше концертот и чекавме трпеливо, а луѓето околу нас ни помагаа и нè охрабруваа.

Луѓето околу нас ја кренаа сестра ми во воздух за пејачот да може да го види нејзиниот натпис и тој нè повика на сцената“ – раскажува Елена.

https://www.tiktok.com/@doctor.vlachakis/video/7378244825914559776

Таа појаснува дека на Андреа неодамна ѝ бил дијагностициран дијабетес и долго време престојувала во болница, а настапот го посветила на сите оние што се борат со болеста и посакуваат подобар живот секојдневно.

„Кога силно посакувате нешто, универзумот ќе се преврти за да ви помогне“ – велат сестрите.

https://www.tiktok.com/@doctor.vlachakis/video/7378212693913636128

publikata-vo-atina-me-krena-za-da-se-vidi-napisot-hronichno-bolna-devojka-go-ukrade-shouto-na-coldplay-04.jpg

publikata-vo-atina-me-krena-za-da-se-vidi-napisot-hronichno-bolna-devojka-go-ukrade-shouto-na-coldplay-03.jpg

publikata-vo-atina-me-krena-za-da-se-vidi-napisot-hronichno-bolna-devojka-go-ukrade-shouto-na-coldplay-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...
Била љубоморна и го „задушувала“, сакал да ѝ раскине: Детали за кризата во врската на Кајли Џенер и ... Иако сега се шпекулира дека можеби ќе се свршат, до неодамна, Кајли и Тимоти мин...
Љубовниот живот на Брижит Бардо, жената со „сто љубовници“ (и четири сопрузи) Брижит Бардо веројатно немала партнер што не го изневерила и трипати се разведув...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...

Најчитани неделава