Најниските актери во Холивуд (Том Круз не е на листата)

Дени Девито има 147 сантиметри, а Кевин Харт - 165 сантиметри. Том Круз, пак, кој го сметаме за еден од пониските актери во Холивуд, со своите 170 сантиметри, не се ни наоѓа на листата.

najniskite-akteri-vo-holivud-tom-kruz-ne-e-na-listata-01.jpg

Светскиот просек за машката висина е околу 170 сантиметри.

Но, бидејќи сите сме различни, има мажи кои се многу повисоки, но и многу пониски од 170 сантиметри.

А и генерално, висината не е нешто за коешто треба да се грижиме бидејќи, реално, е надвор од наша контрола.

Доказ за тоа дека висината не треба да ни влијае во животот се следниве актери кои според светскиот просек се ниски, но се и мошне успешни.

Дел од најниските актери во Холивуд:

Дени Девито – 147cm

Дени Девито е еден од најдобрите холивудски актери и никогаш не дозволил неговата висина да влијае врз неговиот успех.

Всушност, фановите го нарекуваат и „нискиот крал“, а на прашањето што мисли за епитетот, актерот само изјави:

„Ми се допаѓа! Досега не сум го слушнал, но ме радува. Ви благодарам!“

najniskite-akteri-vo-holivud-tom-kruz-ne-e-na-listata-02.jpg

Мајкл Џ. Фокс – 163cm

Во филмовите, висината на ѕвездата од Back to the Future не е очигледна бидејќи секогаш глумел со колешки кои се пониски.

Интересно е што неговата сопруга е малку повисока од него, а тие имаат еден од најстабилните холивудски бракови – заедно се уште од 1980-тите.

Денес актерот има Паркинсонова болест, која му беше дијагностицирана уште во 1991-ва, и е гласен поборник за болеста.

najniskite-akteri-vo-holivud-tom-kruz-ne-e-na-listata-03.jpg

Џо Пеши – 163cm

Иако е релативно низок маж, Џо Пеши секогаш умешно глуми ликови од кои сите би се исплашиле.

Стана препознатлив по гангстерските филмови, како Goodfellas и The Irishman, а активен е и денес, на 81-годишна возраст.

najniskite-akteri-vo-holivud-tom-kruz-ne-e-na-listata-04.jpg

Сет Грин – 163cm

Сет Грин обично глуми забавни ликови и вели дека неговата висина му е од корист во кариерата.

А, одвреме-навреме знае и да се пошегува на своја сметка – на пример, еднаш ја споредуваше својата висина со Мила Кунис.

najniskite-akteri-vo-holivud-tom-kruz-ne-e-na-listata-05.jpg

Даниел Редклиф – 165cm

Даниел Редклиф стана светска ѕвезда на само 12-годишна возраст, а вели дека никогаш не обрнувал внимание на висината.

„Не мислам дека висината некогаш ми претставувала проблем. Можам да глумам многу улоги.

Секако, не би можел да глумам некој висок лик, но не можам да глумам ни афроамериканец…“

najniskite-akteri-vo-holivud-tom-kruz-ne-e-na-listata-06.jpg

Кевин Харт – 165cm

Неколку американски медиуми имаа напишано погрешни информации за висината на актерот.

Па, во интервју тој реши да открие колку е точно висок.

„Од магазинот GQ погодија. Висок сум 165cm... Кога носам патики.

Но, ако облечам чизми со дебел ѓон, можам да стигнам и до 165,5 m“.

Комичарот има изјавено и дека не му е проблем да се шегува за својата висина во неговите стенд-ап шоуа.

najniskite-akteri-vo-holivud-tom-kruz-ne-e-na-listata-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...
Том Круз мисли дека разводот на бившата Никол Кидман ѝ е карма: „Таа го исмеваше Том кога се раздели... „Карма“ – кратко и јасно кажал Том Круз за разводот на бившата Никол Кидман од К...

Најчитани неделава