„Бекамови се очајни за слава на нивните деца“ – Ромео критикуван што смени 3 професии како брат му

„Требаше да биде тенисер, се откажа и од фудбалот – можеби на крај ќе прави сендвичи, како брат му“, гласи еден од многуте коментари за Ромео Бекам кој на само 21 година, веќе промени три професии и сака да биде дизајнер, а мама Викторија и тато Дејвид се секогаш зад него. 

romeo-bekam-21-menuva-profesii-kako-brat-mu-bruklin-od-teniser-i-fudbaler-stana-moden-dizajner-01.jpg

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам – Бруклин – долг период беше мета на потсмев бидејќи промени неколку професии.

Од модел и фотограф, сега 25-годишниот Бруклин пробува да се пробие како готвач.

А, по сè изгледа и неговиот брат Ромео е во дилема кога станува збор за кариера.

romeo-bekam-21-menuva-profesii-kako-brat-mu-bruklin-od-teniser-i-fudbaler-stana-moden-dizajner-07.jpg

Моментално, 21-годишниот Ромео е фудбалер кој неодамна добил понуда да продолжи да игра за неговиот тим.

Но, според изворите, сакал да ја промени кариерата и да тргне по стапките на мајка му.

romeo-bekam-21-menuva-profesii-kako-brat-mu-bruklin-od-teniser-i-fudbaler-stana-moden-dizajner-05.jpg

Односно, Ромео веќе потпишал договор со врвна модна агенција во Париз, користејќи ги конекциите на мајка му Викторија.

Низ годините, Ромео беше дел од неколку модни едиторијали како модел, а ова било доволно за да се вљуби во светот на модата.

romeo-bekam-21-menuva-profesii-kako-brat-mu-bruklin-od-teniser-i-fudbaler-stana-moden-dizajner-12.jpg

„Ромео одлучи да паузира со фудбалот и да се посвети на неговата модна кариера.

Му беше убаво како фудбалер, но мора целосно да се фокусира на модата која е неговата вистинска страст.

Ромео неодамна потпиша договор во Париз и ќе работи со некои од најголемите брендови“, велат изворите блиски до Бекамови.

romeo-bekam-21-menuva-profesii-kako-brat-mu-bruklin-od-teniser-i-fudbaler-stana-moden-dizajner-03.jpg

А, иако има само 21 година, ова не е првпат Ромео да ја промени кариерата.

Во детството, инспириран од татко му, Ромео одел на фудбалски тренинзи, но во 2015-та почна да тренира тенис.

И, пет години тенисот му беше главниот фокус.

romeo-bekam-21-menuva-profesii-kako-brat-mu-bruklin-od-teniser-i-fudbaler-stana-moden-dizajner-06.jpg

Сепак, во 2020 стана дел од Inter Miami – фудбалскиот клуб на кој Дејвид Бекам е косопственик.

romeo-bekam-21-menuva-profesii-kako-brat-mu-bruklin-od-teniser-i-fudbaler-stana-moden-dizajner-10.jpg

Слично како ситуацијата со брат му Бруклин, и Ромео стана мета на потсмев, но и критики бидејќи бил разгален.

„Исто како брат му. И двајцата имаат можности за кои другите можат само да сонуваат, но и двајцата се откажаа“.

„Има толку многу луѓе кои учат и работат напорно за да станат модни дизајнери, но посилни се оние со врски, како Ромео“.

romeo-bekam-21-menuva-profesii-kako-brat-mu-bruklin-od-teniser-i-fudbaler-stana-moden-dizajner-02.jpg

„Бекамови се очајни за да ги истакнат нивните деца. Го имаат најдоброто образование, можности за кариера и сепак не постигнаа ништо“.

„Сакаше да биде тенисер па сега се откажа и од фудбалот… Можеби на крај ќе прави сендвичи, како брат му“.

Погледнете и: Синот на Бекамови е мета на потсмев - „глуми“ кулинар со парите на мама и тато, твитерџиите со жестоки објави

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку се лоши рецептите на Бруклин Бекам (кој пробува да стане готвач откако не успеа како фотограф)... „Неговиот рецепт за правење тост во тостер ми го промени животот“, гласи саркаст...
Бруклин Бекам прозборе за семејната драма, откако се посрамоти на голф натпревар: „Имам прекрасна со... По голф натпревар на кој беше критикуван дека „нема никаков талент“, Бруклин Бек...
Никола Пелц ги „нападна“ Бекамови на Инстаграм, додека слават 6 години од свршувачката со Бруклин По објавата на Дејвид Бекам по повод Денот на таткото на која има и фотки од Бру...
Детали за врската на Бруклин Бекам што заврши катастрофално: Ги разделуваше обезбедување, и таа ги м... Кратко пред да ја почне врската со Никола Пелц, Бруклин Бекам раскина 9-месечна ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...

Најчитани неделава