Перела завеси, работела во барови – Како сопругата на Златан Ибрахимовиќ се збогатила пред да го запознае?
Работела како модел, а за викендите служела во познат бар. Според тие што ја познаваат, Хелена била вистински работохоличар, па тоа ѝ овозможило да заработи многу пари уште пред да го запознае Златан.
Според изјавите на нејзини блиски, Хелена 2 години пред да го запознае Златан успеала сама да си ги заработи првите милиони.
Со заштедата што ја обезбедила додека работела на неколку работни места, таа купила фарма во близина на Малме, што потоа ја продала и остварила профит од 4,4 милиони евра.
„Навистина ми беше тешко затоа што никој не сфаќа дека не постигнав со парите на партнерот, или на татко ми, туку сама напорно работев за да си ги остварам целите.
Јас не сум жена на фудбалер која победила на избор за убавина. Всушност криво ми е што никој не го истакнува тоа што јас сама сум го постигнала“ – рече Хелена во една пригода.
Дури и кога случајно се запознале со Златан, тој самиот вели дека таа не била импресионирана од него и од неговиот изглед, но тој благодарение на упорноста успеал да ја освои.
Животот со Златан ја однел во неколку различни европски метрополи и каде и да биле Хелена успеала да се адаптира на животот.
За неа велат дека е „Грета Гарбо“ меѓу партнерките на фудбалерите, затоа што важи за мистериозна личност, која сака да живее подалеку од очите на јавноста, без профили на социјалните мрежи, без постојани појавувања во медиумите и самопромовирање.
-->
-->
Прочитајте и Љубовната приказна на Златан Ибрахимовиќ и Хелена Сегер - таа е 11 години постара од него, на првата средба се скарале за паркинг
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ...
Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“
Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др...
Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...

Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер
Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...

8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините
Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...