Перела завеси, работела во барови – Како сопругата на Златан Ибрахимовиќ се збогатила пред да го запознае?
Работела како модел, а за викендите служела во познат бар. Според тие што ја познаваат, Хелена била вистински работохоличар, па тоа ѝ овозможило да заработи многу пари уште пред да го запознае Златан.

Според изјавите на нејзини блиски, Хелена 2 години пред да го запознае Златан успеала сама да си ги заработи првите милиони.

Со заштедата што ја обезбедила додека работела на неколку работни места, таа купила фарма во близина на Малме, што потоа ја продала и остварила профит од 4,4 милиони евра.
„Навистина ми беше тешко затоа што никој не сфаќа дека не постигнав со парите на партнерот, или на татко ми, туку сама напорно работев за да си ги остварам целите.
Јас не сум жена на фудбалер која победила на избор за убавина. Всушност криво ми е што никој не го истакнува тоа што јас сама сум го постигнала“ – рече Хелена во една пригода.

Дури и кога случајно се запознале со Златан, тој самиот вели дека таа не била импресионирана од него и од неговиот изглед, но тој благодарение на упорноста успеал да ја освои.

Животот со Златан ја однел во неколку различни европски метрополи и каде и да биле Хелена успеала да се адаптира на животот.

За неа велат дека е „Грета Гарбо“ меѓу партнерките на фудбалерите, затоа што важи за мистериозна личност, која сака да живее подалеку од очите на јавноста, без профили на социјалните мрежи, без постојани појавувања во медиумите и самопромовирање.

Прочитајте и Љубовната приказна на Златан Ибрахимовиќ и Хелена Сегер - таа е 11 години постара од него, на првата средба се скарале за паркинг
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“...
Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн...
Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак...
Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ...
„Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк...
Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту...
„Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...