8 познати личности кои покажале дека се херои во приватниот живот

Мерил Стрип и Шер спасиле девојка од силувач, додека Пирс Броснан ја спасил Хали Бери откако се задавила со храна додека снимале сцена.

8-poznati-lichnosti-koi-pokazhale-deka-se-heroi-vo-privatniot-zhivot-01.jpg

Во светот навистина има многу херои кои со навидум мали дела, ги менуваат, па и спасуваат животите на другите.

Некогаш овие херои се и познати личности.

Неколку ѕвезди кои спасиле нечиј живот:

Дев Пател

Во август 2022 година, актерот спречил тепачка и напад со нож во Австралија, а веста ја потврди и неговиот портпарол.

„Дев Пател и неговите пријатели сведочеа на насилна пресметка пред продавница.

Дев ги следеше своите инстинкти и проба да ја смири ситуацијата и ја прекина тепачката“, гласи дел од изјавата.

Портпаролот додаде и дека со пријателите останале на местото додека да дојде полиција и брза помош, но истакна и дека актерот не се гледа себеси како херој.

8-poznati-lichnosti-koi-pokazhale-deka-se-heroi-vo-privatniot-zhivot-02.JPG

Том Круз

Според камерман кој соработувал со Том Круз, актерот спасил колешка од пропелер на хеликоптер.

Ова се случило за време на пауза, кога хеликоптерот бил приземјен, но пропелерот работел.

Колешката на актерот истрчала кон хеликоптерот да земе нешто, но не била свесна дека пропелерот се врти, иако бавно, сепак со доволно сила да предизвика штета.

Том Круз ја забележал, истрчал кон неа и ја бутнал на земјата за да ѝ ја заштити главата.

„Оние кои беа во хеликоптерот беа потресени, а Том во тој момент, без сомнение, ѝ го спаси животот“, вели камерманот.

8-poznati-lichnosti-koi-pokazhale-deka-se-heroi-vo-privatniot-zhivot-03.JPG

Пирс Броснан

Актерот ја спасил Хали Бери додека го снимале Die Another Day, каде што тој го глуми Џејмс Бонд.

Тие снимале сцена во која актерката требало да изеде смоква, но случајно се задавила.

„Јас требаше да бидам секси и да го заведам додека јадам смоква.

Се задавив, па тој истрча и ми помогна да ја исфрлам смоквата.

И, сето ова не беше воопшто секси“, шеговито се присети актерката на инцидентот додека гостуваше во шоуто на Џими Фелон.

8-poznati-lichnosti-koi-pokazhale-deka-se-heroi-vo-privatniot-zhivot-04.JPG

Леонардо ди Каприо

Додека беше во врска со Камила Морон, актерот изнајмил јахта со неа и уште неколку пријатели.

Додека биле на јахтата, слушнале дека се трага по маж кој во алкохолизирана состојба паднал од друга јахта, и тоа пред 11 часа.

„Лео и пријателите се придружија во спасувачката екипа и го забележаа и спасија мажот“, откри извор за магазинот People.

8-poznati-lichnosti-koi-pokazhale-deka-se-heroi-vo-privatniot-zhivot-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Тажни детали од животот на Мерил Стрип: Љубовта на нејзиниот живот почина од рак, ја нарекувале грда... Пред да се пробие во Холивуд, Мерил Стрип беше во врска со колега кој добил дија...
Ентони Хопкинс со вознемирувачки откритија за алкохолизмот: „Ја напуштив ќерка ми, ѓаволот се крие в... Ентони Хопкинс нема допрено алкохол веќе 50 години, но додека да се ослободи од ...
Си го киднапирала синот, првиот сопруг ја оставил без пари: Семејните драми на Шер се како од сапуни... Шер пробала да го киднапира помладиот син бидејќи стравувала за него поради него...

Најчитани неделава