Четвртиот развод на Џеј Ло и уште 11 настани од светот на шоу-бизнисот што ја одбележаа 2024-та

Апсењето на Пи Диди и разводот на Џеј Ло се меѓу најзборуваните настани од шоу-бизнисот за 2024 година.

nastani-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2024-ta-01.jpg

2024 е пред самиот крај, па време е да се присетиме на настаните (и скандалите) од светот на шоу-бизнисот што ја одбележаа.

Разводи, свадби, апсења, но и трагедии се само дел од настаните за коишто се зборуваше наголемо.

Кои настани ја одбележаа 2024-та?

Обвиненијата против Пи Диди

Дефинитивно најголемиот скандал за годинава се обвиненијата против Пи Диди и неговото апсење.

На раперот, кој моментално е зад решетки, му се суди за трговија со луѓе и принуда проституција на забавите што ги одржувал во неговиот дом.

Во меѓувреме, се јавија и многу потенцијални жртви со обвинение дека ги нападнал или силувал и настрана од озлогласените забави.

nastani-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2024-ta-002.JPG

Разводот на Бен Афлек и Џеј Ло

Иако обединувањето на Бен Афлек и Џеј Ло беше налик бајка, парот сепак не издржа долго.

Џеј Ло поднесе барање за развод на денот на втората годишнина од нивната свадба, а засега ниту еден од нив се нема огласено за разделбата.

nastani-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2024-ta-03_copy.JPG

Трагичната смрт на Лиам Пејн

2024-та ја одбележаа и неколку трагедии, вклучувајќи ја смртта на Лиам Пејн – пејачот кој се прослави со One Direction.

Истрагата за неговата смрт уште е во тек, но познато е дека паднал од прозорец од хотелска соба во Аргентина, додека бил под дејство на дрога.

nastani-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2024-ta-04.JPG

Апсењето на Џастин Тимберлејк

Вo период кога пробуваше да си ја подобри репутацијата, Џастин Тимберлејк беше уапсен за возење во алкохолизирана состојба.

Пејачот стана и мета на шеги бидејќи наводно, полицаецот кој го застанал бил премногу млад, па не го ни познал.

Секако, во јавност излезе и фотографијата направена во полициската станица, а на крај обвиненијата против него беа отфрлени бидејќи сепак станувало збор за многу мал прекршок.

nastani-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2024-ta-05.JPG

Шенон Доерти ја изгуби битката со ракот

Смртта на Шенон Доерти е уште една трагедија што ја потресе јавноста.

Актерката му подлегна на ракот откако болеста се проширила и на нејзиниот мозок.

nastani-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2024-ta-06.JPG

Разводот на Бритни Спирс

Изминативе неколку години воопшто не беа здодевни за Бритни – се ослободи од старателството на татко ѝ, се венча, а годинава и се разведе.

Не е познато што довело до разводот на Бритни и Сем Ашгари, а последна новост од пејачката е дека се сели во Мексико и дека ќе практикува целибат.

nastani-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2024-ta-07.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било Жизел Бундшен почна нов живот по разводот од Том Брејди – веќе има нов партнер, ...
Го напуштил во детството, се заканувал дека ќе го киднапира: Во каков однос е Џастин Бибер со татко ... Кога Џастин Бибер се родил, мајка му имала 17 години, а татко му едвај 18. Бидеј...
Соработник на Диди за неговата мрачна страна: „Не чувствува емоции, веќе планира турнеја за кога ќе ... И покрај потресните сведоштва, Пи Диди доби само четири години зад решетки. Сега...
Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Први фотки од Пи Диди во затвор – со побелена брада, се смее со други затвореници Јавноста не го видела Пи Диди од септември минатата година, но сега се појавија ...
Детали за новата врска на Џеј Ло со колега + сите нејзини разводи и свршувачки Џеј Ло зад себе има четири разводи, а сега ја поврзуваат со колега од нејзиниот ...

Најчитани неделава