Четвртиот развод на Џеј Ло и уште 11 настани од светот на шоу-бизнисот што ја одбележаа 2024-та

Џон Красински беше прогласен за најсекси маж на годината (и јавноста негодуваше)

Изборот на магазинот People наиде на критики, односно мислењето на јавноста никогаш не било поподелено за најсекси мажот на годината.

На повеќето не им беше јасно како актерот победил во конкуренција со заводници како Рајан Гослинг, Хенри Кавил и Педро Паскал.

nastani-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2024-ta-08.JPG

Жизел Бундшен го очекува третото дете на 44-годишна возраст

Кратко по разводот со Том Брејди, Жизел Бундшен најде нова љубов, а годинава откри дека со партнерот очекува и дете.

44-годшниот модел веќе има две деца од претходниот брак.

nastani-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2024-ta-09.JPG

Кејт Мидлтон го победи ракот

Во март годинава, по долго отсуство од јавноста, Кејт Мидлтон откри дека има рак.

Неколку месеци подоцна, принцезата сподели дека завршила со хемотерапијата и дека ја победила болеста.

nastani-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2024-ta-10.JPG

Блејк Лајвли си ја уништи репутацијата

Преку ноќ, од една од најобожаваните актерки, Блејк се претвори во најомразена личност во Холивуд.

Причината беше нејзината маркетинг стратегија за новиот филм It End With Us.

Фановите почнаа да ја критикуваат бидејќи главната тема во филмот е семејно насилство, но Блејк го промовираше како романтична комедија, па дури и кажуваше шеги за филмот.

По ова, јавноста почна да „копа“ по нејзиното минато, па на виделина излегоа бројни интервјуа каде што Блејк се однесува дрско кон новинарите, со што дополнително си ја расипа репутацијата.

nastani-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2024-ta-11.JPG

Џастин и Хејли Бибер добија дете

Летоска, Џастин и Хејли Бибер го добија првото дете – синче на кое му го дадоа името Џек.

Периодов парот се држи настрана од јавност, поради поврзаноста на Џастин со Пи Диди и претпоставките на јавноста дека бил негова жртва.

nastani-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2024-ta-2_copy.JPG

Свадбата на синот на најбогатиот Индиец

Нарекувана и „свадбата на годината“, прославата на Анант Амбани и сопругата дефинитивно беше настан што го проследија сите.

Во месеците пред свадбата, тие организираа неколку прослави на кои настапуваа ѕвезди како Ријана и Џастин Бибер, додека на самата венчавка присуствуваа некои од најпознатите најмоќните луѓе на планетата.

nastani-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2024-ta-13.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било Жизел Бундшен почна нов живот по разводот од Том Брејди – веќе има нов партнер, ...
Го напуштил во детството, се заканувал дека ќе го киднапира: Во каков однос е Џастин Бибер со татко ... Кога Џастин Бибер се родил, мајка му имала 17 години, а татко му едвај 18. Бидеј...
Соработник на Диди за неговата мрачна страна: „Не чувствува емоции, веќе планира турнеја за кога ќе ... И покрај потресните сведоштва, Пи Диди доби само четири години зад решетки. Сега...
Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Први фотки од Пи Диди во затвор – со побелена брада, се смее со други затвореници Јавноста не го видела Пи Диди од септември минатата година, но сега се појавија ...
Детали за новата врска на Џеј Ло со колега + сите нејзини разводи и свршувачки Џеј Ло зад себе има четири разводи, а сега ја поврзуваат со колега од нејзиниот ...

Најчитани неделава