Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“

Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, но и силување, и направи спогодба за да избегне затвор.

zavisnosti-semejno-nasilstvo-prokletstvoto-shto-gi-sledi-akterite-od-sam-doma-01.jpg

Повеќе од три децении по премиерата, Home Alone, кај нас познат како „Сам дома“, е омилениот празничен филм на секоја генерација.

Филмот се смета за култна класика, но и покрај успехот што им го донесе на актерите, голем дел од нив немале многу среќа во животот.

Некои поради лошите животни избори, а некои, едноставно, биле малер.

Дел од проблемите со кои се соочија актерите од филмот:

Меколи Калкин

Иако денес е во среќна врска со партнерката Бренда Сонг, а заедно имаат и дете, животот на актерот не бил лесен.

Тој се прослави како дете и притисокот од славата за него беше толку голем, што во 1994-та се откажа од глумата и се фокусира на училиштето.

Во 2000 година ѝ се врати на кариерата, а набрзо потоа почнаа гласините дека има проблеми со дрога.

Во 2004-та, актерот беше уапсен откако бил фатен со марихуана и седативи.

Во 2012-та, се појавија фотки од него на кои не изгледа најдобро, со што повторно се подгреаја гласините дека има проблем со дрогата.

zavisnosti-semejno-nasilstvo-prokletstvoto-shto-gi-sledi-akterite-od-sam-doma-02.JPG

Сепак, актерот инсистира дека иако некогаш реакреативно користел марихуана и пиел лекови кои му се препишани, никогаш немал проблем со дрога.

Но, ова не се единствени проблеми на Меколи – долг период тој не добиваше ни цент од парите што ги заработуваше бидејќи татко му му земаше сè.

Ова го натера на 15-годишна возраст да се еманципира, за самиот да може да управува со своите пари.

Тој имаше проблеми и во љубовта – на само 18-годишна возраст се венча со актерката Рејчел Минер. Се разведоа две години подоцна.

Потоа имаше и долга врска со Мила Кунис, која заврши неславно.

zavisnosti-semejno-nasilstvo-prokletstvoto-shto-gi-sledi-akterite-od-sam-doma-03.JPG

Девин Ратреј

На актерот што го глуми Баз, односно брат му на Кевин, не му одеше лошо по снимањето на филмот.

Имаше улоги во разни проекти, а заплива и во музичките води.

Но, пред неколку години тој беше уапсен поради семејно насилство.

Со девојка му биле излезени и актерот испил повеќе.

Кога се вратиле во хотелската соба во којашто отседнувале, почнале да се расправаат и тој пробал да ја задави.

zavisnosti-semejno-nasilstvo-prokletstvoto-shto-gi-sledi-akterite-od-sam-doma-04.JPG

Потоа, друга девојка го обвини дека ја силувал, истакнувајќи дека сигурно била издрогирана додека била со група пријатели кај него на гости.

Во февруари годинава, актерот призна вина за обвиненијата за семејно насилство и направи спогодба за да не оди во затвор.

Не е познато дали е преземено нешто во врска со обвиненијата за силување.

zavisnosti-semejno-nasilstvo-prokletstvoto-shto-gi-sledi-akterite-od-sam-doma-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...

Најчитани неделава