Детали за врската на Обри Плаза и режисерот кој изврши самоубиство: Се венчаа во тајност, по пижами

Џеф Баена, сопругот на актерката Обри Плаза, извршил самоубиство во нивниот заеднички дом. Засега не е познато дали имал проблеми со менталното здравје, додека актерката единствено даде кратка изјава преку нејзиниот портпарол.

detali-za-vrskata-na-obri-plaza-i-rezhiserot-koj-izvrshi-samoubistvo-se-venchaa-vo-tajnost-po-pizhami01.jpg

Викендов беше соопштено дека сопругот на актерката Обри Плаза бил пронајден мртов во нивниот заеднички дом.

47-годишниот Џеф Баена, кој беше сценарист и режисер, извршил самоубиство.

Телото на режисерот било пронајдено од негова асистентка во петокот (03.01) која повикала брза помош, но болничарите веднаш констатирале смрт.

detali-za-vrskata-na-obri-plaza-i-rezhiserot-koj-izvrshi-samoubistvo-se-venchaa-vo-tajnost-po-pizhami-04.JPG

Обри Плаза, која се прослави со улогата во Parks and Recreation, а потоа и White Lotus, требаше да биде презентерка на доделувањето на Златните глобуси.

Но, по семејната трагедија, ја прескокна церемонијата која се одржа во неделата (05.01).

40-годишната актерка се огласи за смртта на сопругот на почетокот од неделата, преку нејзиниот портпарол.

„Ова е незамислива трагедија. Благодарни сме на сите кои ја понудија нивната поддршка.

Ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овој миг“, гласи кратката изјава.

detali-za-vrskata-na-obri-plaza-i-rezhiserot-koj-izvrshi-samoubistvo-se-venchaa-vo-tajnost-po-pizhami-10.JPG

Обри и Џеф беа заедно околу 14 години и ја имаа една од постабилните врски во Холивуд, а на нивните заеднички појавувања секогаш изгледаа среќно.

Засега не е познато дали Џеф имал проблеми со менталното здравје и дали нешто ја навестувало одлуката да посегне по својот живот.

detali-za-vrskata-na-obri-plaza-i-rezhiserot-koj-izvrshi-samoubistvo-se-venchaa-vo-tajnost-po-pizhami-05.JPG

Детали за врската на актерката и режисерот, која заврши со трагедија:

Обри и Џеф ја почнаа врската во 2011 година, но не е познато кога точно се запознале.

Низ годините, имаат соработувано на бројни проекти, а Обри има изјавено дека ова им помогнало да се зближат.

„Мислам дека кога сте во врска со некој од истата индустрија, подобро разбира со што се соочувате.

Па, можете да се поддржувате и вистински да го разберете патувањето на коешто сте и двајцата“.

detali-za-vrskata-na-obri-plaza-i-rezhiserot-koj-izvrshi-samoubistvo-se-venchaa-vo-tajnost-po-pizhami-07.JPG

Парот се венча по околу една деценија врска, и тоа во тајност.

Тие ги споделија новостите за време на промоцијата на нивен заеднички филм, додавајќи дека венчавката се случила за време на локдаунот од пандемијата.

А, се венчале бидејќи една ноќ им било здодевно.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како Ен Хетавеј стана „најомразената жена во Холивуд“? „Проблемот со Ен е тоа што ако ѝ се доаѓате, тогаш е супер. Ако не ѝ се допаѓате...
Сопругот ја затекна во кревет со неговиот малолетен син, со него подоцна доби дете - Бурниот живот н... Еден од најголемите скандали во Холивуд е оној на режисерот Николас Реј кој наво...
„Само усните ѝ тежат толку“ – Сопругата на Џеф Безос исмејувана откако откри како „слабеела“ пред Ме... „Можеби само го извадила паричникот на сопругот од чанта / Дали сериозно ова го ...
Сопругот на Ен Хетавеј, кој се крие од јавност, во фармерки и патики на моден настан – актерката со ... Сопругот на Ен Хетавеј ретко се појавува во јавност, но кога ќе одлучи да си го ...
Постојано се фали, си носи личен готвач кога снима: Тимоти Шаламе се однесува како „разгалена дива“ Тимоти Шаламе си донел приватен готвач додека го снимал Wonka од кој барал да му...
„20 години пробував да добијам дете, а ме нарекуваа себична“: Џенифер Анистон за битката со неплодно... „Никој не знаеше низ што минував изминатите 20 години додека се обидував да созд...

Најчитани неделава