„Само усните ѝ тежат толку“ – Сопругата на Џеф Безос исмејувана откако откри како „слабеела“ пред Мет гала 2026
- Детали
- вторник, 05 мај 2026
„Можеби само го извадила паричникот на сопругот од чанта / Дали сериозно ова го изјавила?“ – Сопругата на Џеф Безос, Лорен Санчез, која сака да ја има секаде, е исмејана откако изјави дека имала посебна рутина за слабеење пред Мет гала 2026 и симнала 0.9kg…

Џеф Безос и неговата сопруга Лорен Санчез не се многу омилен пар во светот на славните, но сакаат да ги има секаде и со милионите на Џеф да си обезбедат место на секој настан каде претходно не биле ставени во план.
Оваа година, со донација од 10 милиони долари, си добија титула ко-организатори и спонзори на Мет гала 2026, а токму поради тоа, голем дел од гостите во знак на протест го откажаа своето присуство.
Сопругата на милионерот на црвениот тепих зачекори сама, облечена во тоалета со спуштена прерамка, креација на Schiaparelli, украсена со бисери и кристали.

Но, непосредно пред настанот, во интервју за Vogue, таа „направи бисер“ од себе, кога даде изјава дека имала специјална рутина за слабеење, заради која беше критикувана и исмејувана.
„Бев да ја посетам противпожарната бригада во Њујорк и направив нивен тренинг“ – рекла таа, додавајќи дека била целосно облечена во нивните тешки униформи и минувала низ пречки со цел да вежба тактики за итно спасување животи.
„Тоа е веројатно најуникатната подготовка за Мет галата што некој некогаш ја имал. Веројатно изгубив околу 0.9kg правејќи го тоа...“.

Токму оваа изјава, дека не симнала ниту еден цел килограм, ги натера сите да се шегуваат на нејзина сметка.
Дел од коментарите на социјалните мрежи гласат:
„Па веројатно толку ѝ тежат само усните“.
„Буквално тежината ми варира по 2kg дневно, зависно од тоа колку вода сум пиела и колку сум јадела и дали сум била во тоалет...“
„Дали ја избришала шминката?“

„Дали го извадила паричникот на Џеф Безос од чанта?“
„Дали сериозно го кажала ова во интервју?“

М. М. | Црнобело