Сопругот на Ен Хетавеј, кој се крие од јавност, во фармерки и патики на моден настан – актерката со накит кој вреди мало богатство
- Детали
- петок, 22 мај 2026
Сопругот на Ен Хетавеј ретко се појавува во јавност, но кога ќе одлучи да си го покаже лицето, одбива да почитува правила и дрес кодови. Па, на моден настан дојде само по маичка и фармерки. Меѓу ѕвезди како Ана Винтур, Кејт Бланшет и неговата сопруга кои изгледаа беспрекорно, тој дефинитивно делеше.

Ен Хетавеј веќе 14 години е во среќен брак со Адам Шулман, но генерално избегнува да го покажува сопругот во јавност.
Па, беше невистинско изненадување кога дојде со него на моден настан во Њујорк организиран од Louis Vuitton.
Но, додека актерката изгледаше беспрекорно, Адам очигледно одбил да го почитува дрес кодот.
43-годишната актерка се појави со сив миди фустан, црни штикли и Louis Vuitton чанта.
Накитот што го носеше, пак, се проценува на речиси 50.000 долари. Актерката носеше златно ланче со дијаманти, златни алки и златна белегзија.
Адам, од друга страна, беше во навистина лежерно издание со фармерки, бела маичка, патики и палто.
На настанот присуствуваа и други ѕвезди како Ана Винтур, Ејми Адамс и Емили Блант кои седеа со Ен додека траеше модната ревија.
Овде беа и Зендеја, Ема Стоун, Кејт Бланшет и низа други ѕвезди со впечатливи аутфити, па сопругот на Ен Хетавеј дефинитивно се истакнуваше.
Инаку, Ен и сопругот Адам се запознаа во 2008-ма, а се венчаа во 2012 година. Заедно имаат две деца, родени во 2016-та и 2019-та.
Актерката избегнува да зборува за бракот во јавност, но повремено се појавува со него на настани.
Што се однесува до кариерата на актерката, годинава е навистина добра за неа – по огромниот успех на второто продолжение на The Devil Wears Prada, Ен глуми и во новиот филм на Кристофер Нолан, Odyssey, чија премиера е закажана за ова лето.
Иако денес ужива во статус на ѕвезда пред година-две таа призна дека не секогаш се чувствувала сигурно за нејзината кариера, особено во младоста.
Имаше и период кога јавноста одлучи да ја мрази, а ова се одрази негативно на нејзината кариера.
Но, режисерот Кристофер Нолан ја спаси со улогата во Interstellar.
„Многу луѓе не ми дава улоги бидејќи беа загрижени за мојот токсичен идентитет онлајн.
Кристофер Нолан беше мојот ангел кој не се грижеше за тоа и ми ја даде една од најубавите улоги што сум ги имала во еден од најдобрите филмови во коишто сум се појавила“.
Спирова С. | Црнобело