Порасна „синот“ на Софија Вергара од Modern Family - Се сеќавате ли на слаткиот Џои Причет?

Ви текнува ли на слаткото момче со руса коса и крупни очи од серијата Modern Family? Малиот Џои Причет веќе не е дете, туку 13-годишен тинејџер, кои и понатаму е пресладок. 

porasna-sinot-na-sofija-vergara-od-modern-family-se-sekjavate-li-na-slatkiot-djoi-prichet-poveke-01.jpg

Еден од најзабавните ситкоми на сите времиња, Modern Family, го имаше своето финале во 2020 година.

Но поради бројните репризи, таа и сега е популарна, а луѓето од цел свет се смеат на згодите и незгодите на семејството Причет.

Најмалиот Причет, односно Џои, го глумеше Џереми Мегваер.

Тој беше дел од серијата 4 години (се приклучи на екипата на почетокот на 7-ата сезона) и растеше заедно со нив.

Иако поради возраста неговата улога не беше голема, сепак со својот сладок лик и коментарите насочени кон неговите родители Глорија и Џеј (Софија Вергара и Ед О’Нил), тој за кратко време стана миленик на публиката.

Денес Џереми е веќе тинејџер и има 13 години, па можеби и не би го препознале како малиот Џо.

Откако заврши серијата во 2020 година, Мегваер немаше многу нови проекти.

Неговата последна актерска улога е во серијата SWAT, каде што се појави во една епизода во 2023 година.

Но тој повторно го привлече вниманието на јавноста кога кон крајот на 2024 година се појави на премиерата на серијата Wizards Beyond Waverly Place и позираше со својот полубрат од серијата, Мени, односно актерот Рико Родригез.

Иако и двете момчиња се пораснати и не личат на себе, публиката се воодушеви.

„Веднаш ни треба спин-оф“, „Леле, навистина стареам“, „Посакувам да има уште продолженија“, „Браќата од ТВ-серијата повторно се собраа!“, „Ми недостига серијата“, напишаа фановите под нивната заедничка фотографија објавена на Инстаграм.

Џереми, пак, е активен на социјалните мрежи, и таму често споделува фотографии поврзани со серијата што го прослави - се сеќава на моменти од снимањата, но и ги користи старите фотки за да им честита родендени на членовите на својата телевизиска фамилија.

Тој за себе знае да каже дека и во приватниот живот многу потсетува на ликот што го глумеше, односно дека е многу посериозен од својата реална возраст.

„Јас сум 30-годишник во тело на тинејџер“ - кажа во една пригода.

Неодамна призна и дека бил многу тажен по завршувањето на снимањето на серијата.

„Кога растеш и има камера пред твоето лице, понекогаш не ти паѓа на памет дека тоа не е твое семејство. Тоа ми беше тешко, бидејќи ги сакав сите.

Кога заврши снимањето на Modern Family, бев тажен бидејќи тоа беше единствениот живот што го знаев“, рекол Мегваер.

Погледнете повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Една актерка почина, друга се тужи со режисер: Што се случи со ѕвездите од Gossip Girl? Актерот што го глуми Чак Бас беше обвинет за силување, па си ја уништи кариерата...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Била љубоморна и го „задушувала“, сакал да ѝ раскине: Детали за кризата во врската на Кајли Џенер и ... Иако сега се шпекулира дека можеби ќе се свршат, до неодамна, Кајли и Тимоти мин...
Мел Гибсон (69) побара развод од 34 години помладата сопруга - Имаат син, се колнеше дека никогаш не... Неофицијално, актерот е тој што решил да „пресече“ и поднел документи за развод ...

Најчитани неделава