Бурната љубов на Ким Бесинџер и Алек Болдвин: Разводот ја уништи, заради него почна со пластични операции
- Детали
- сабота, 01 март 2025
Бракот, а потоа и разводот на Ким Бесинџер и Алек Болдвин останува познат како еден од најскандалозните во Холивуд. Актерите седум години водеа битка за старателство, а пред да се разделат, караниците во јавност беа секојдневие.

Во 1990-тите, Ким Бесинџер и Алек Болдвин беа најпознатиот, но и најскандалозниот славен пар.
Бракот кој траеше скоро цела деценија заврши со бурен развод и уште побурна битка за старателство.
Неколку детали за нивната љубов која заврши неславно:
Се запознаа на филмски сет
Ким Бесинџер и Алек Болдвин се запознаа во 1990-та, на сетот на The Marrying Man каде што глумат љубовници.
Искрата меѓу нив се родила уште пред официјално да почнат со снимањето и според филмската екипа, врската брзо станала многу интензивна.
Секоја пауза меѓу снимања ја минувале заедно, а кога биле разделени на сетот, редовно комуницирале преку слушалките и микрофоните што ги носела целата филмска екипа.
Ова значело дека секој што имал слушалки, го слушал нивниот разговор, а според нивните колеги, актерите најчесто си кажувале непристојни работи – на пример, што ќе прават кога ќе се видат вечер насамо.
Се венчаа две години подоцна
Ким и Алек почнале да живеат заедно само неколку недели откако ја почнале врската.
Но, сепак почекаа околу две години за свадба.
Се венчаа во 1993 година, а во 1995-та добија и ќерка.
Бракот беше ништо помалку од скандалозен
Скандалозното однесување на Алек и Ким редовно беше тема на разговор.
Еден од најпознатите инциденти е физичката пресметка на актерот со фотограф.
По раѓањето на нивната ќерка, Алек физички нападна фотограф пред болница.
Подоцна актерот тврдеше дека фотографот му го блокирал автомобилот и изјави дека го нападнала бидејќи воопшто не му ја почитувал приватност на семејството.
Сепак, бидејќи актерот и претходно имаше слични испади, јавноста баш и не му веруваше.
Алек и Ким честопати се расправаа во јавност и постојано ги подгреваа гласините дека кога-тогаш ќе се разделат.
Во 2000-та се разделија
По седум години расправање во јавност, Ким и Алек конечно соопштија дека ќе се разведуваат.
Но, со ова почна нова низа скандали за славниот пар и нивниот развод стана еден од најзборуваните во Холивуд.
Тие го финализираа разводот во 2002 година, но се влечеа по судови за старателството над ќерка им.