Биле како мумифицирани: Мистериозната смрт на актерот Џин Хакман и сопругата, кои живееја изолирани од светот

Парот заедно присуствуваше на доделувањето на Златни глобуси во 2003-та и оттогаш како да исчезнаа.

bile-kako-mumificirani-misterioznata-smrt-na-akterot-dzhin-hakman-i-soprugata-koi-zhiveeja-izolirani-od-svetot-08.JPG

Џин Хакман се има појавено во над 70 филмови и двапати има освоено Оскар, но од 2004-та се дистанцира од филмската индустрија.

Оттогаш, актерот повремено беше забележуван со неговиот велосипед, но најголем дел од времето минуваше затворен во куќата со сопругата.

Џин има три деца од претходна сопруга, но не беше во контакт со нив.

bile-kako-mumificirani-misterioznata-smrt-na-akterot-dzhin-hakman-i-soprugata-koi-zhiveeja-izolirani-od-svetot-09.JPG

На прашањето што прават неговите деца во животот, актерот има одговорено:

„Па, тоа е добро прашање. Не сум сигурен… Тешко е да се биде дете на славна личност“.

bile-kako-mumificirani-misterioznata-smrt-na-akterot-dzhin-hakman-i-soprugata-koi-zhiveeja-izolirani-od-svetot-11.JPG

Актерот има изјавено дека се откажал од успешната актерска кариера најмногу поради проблемите со срцето.

Имено, лекарот му рекол дека ако се изложува на многу стрес, непотребно си го ризикува животот.

Иако своевремено беше еден од најпознатите холивудски актери, приватно Џин бил многу срамежлив.

Во ретко интервју изјави и дека има само еден услов да излезе од пензија:

„Ако можам да снимам од дома, можеби… Да работам со еден, најмногу двајца луѓе“.

bile-kako-mumificirani-misterioznata-smrt-na-akterot-dzhin-hakman-i-soprugata-koi-zhiveeja-izolirani-od-svetot-13.JPG

Актерот отсекогаш си ја ценел приватноста, па изолираниот живот со сопругата бил совршен за него.

Тој имаше изјавено дека најмногу сакаат да гледаат комедии и нискобуџетни филови, а актерот уживал и во сликање и пишување.

bile-kako-mumificirani-misterioznata-smrt-na-akterot-dzhin-hakman-i-soprugata-koi-zhiveeja-izolirani-od-svetot-03.JPG

Самиот никогаш не се гледал како ѕвезда и велеше дека повеќе би сакал да биде запомнет само како добар актер.

Сопругата, од друга страна, беше пијанистка и уште поретко се појавуваше во јавност.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Дамиано Давид прослави 2 години врска со саканата, која му порача: „Животот стана толку убав откако ... „Најдобрите 2 години од мојот живот... Најмалку еднаш неделно се расплакувам, за...
Кифер Сатерленд им се врати на лошите навики – нападнал возач, по многуте апсења и затворската казна... Повеќе од цела деценија, Кифер Сатерленд немаше проблеми со законот. Во минатото...

Најчитани неделава