Познати личности кои не се богати колку што мислите

Линдзи Лохан е активна во забавната индустрија од своето детство, но поради лошите животни одлуки, денес има едвај два милиони долари.

poznati-lichnosti-koi-ne-se-bogati-kolku-shto-mislite-01.jpg

Мислиме дека славата и богатството одат „рака под рака“ и во повеќето случаи ова е точно, но не секогаш.

Светски познатите актери и музичари заработуваат милиони, но некогаш поради лоши животни одлуки, губат голем дел од парите.

Неколку славни личности кои денес не се богати колку што мислите:

Линдзи Лохан

Линдзи Лохан е активна во забавната индустрија уште од своето детство.

Голем дел од нејзините филмови, како Freaky Friday и Mean Girls се сметаат за класици и низ годините навистина има заработено многу пари.

Но, поради неразумното трошење, зависноста и бројните лични проблеми, Линдзи изгуби голем дел од парите.

Па, денес нејзиното богатство се проценува на околу 2 милиони долари.

Сепак, актерката се врати на нозе и веројатно повторно ќе го зголеми богатството во блиска иднина.

poznati-lichnosti-koi-ne-se-bogati-kolku-shto-mislite-02.JPG

Денис Родман

Кога беше на врвот на кариерата, поранешниот кошаркар заработуваше милиони.

Имаше и кратка актерска кариера која исто така му донесе солидна заработка.

Но, Денис Родман изгуби скоро сè поради неговиот менаџер, кој му ги крадел парите со разни измами.

Иако менаџерот беше осуден и му беше наредено да му исплати 1 милиони долари на Родман, не е познато дали го платил долгот.

А, богатството на Денис денес се проценува на само половина милиони долари.

poznati-lichnosti-koi-ne-se-bogati-kolku-shto-mislite-03.JPG

Чарли Шин

Таткото на Чарли Шин – Мартин Шин – важи за еден од најдобри холивудски актери.

Благодарение на него, и Чарли се проби во филмската индустрија, главно во комедии.

Врвот го достигна со серијата Two and a Half Man, каде што заработуваше и до еден милион долари од епизода.

Но, откако го избркаа од серијата, приходите на Чарли се намалија, но не и неговото трошење.

Актерот трошеше стотици илјади долари на дрога, алкохол и средби со порноѕвезди, а според некои гласини, во една недела потрошил еден милион долари на автомобили.

Денес неговото богатство се проценува на 3 милиони долари.

poznati-lichnosti-koi-ne-se-bogati-kolku-shto-mislite-4.JPG

Николас Кејџ

Иако денес богатството на актерот се проценува на 40 милиони долари, што не е воопшто малку, ова не се ни споредува со парите што ги имаше.

Актерот заработуваше и до 20 милиони долари за филм и неговото богатство достигнуваше и 200 милиони долари.

Но, Николас потрошил дури 150 милиони долари на куќи, а потрошил и доста пари на скапи автомобили и егзотични миленици.

poznati-lichnosti-koi-ne-se-bogati-kolku-shto-mislite-5.JPG

Весли Снајпс

Своевремено, Весли Снајпс беше еден од најдобрите и најбараните холивудски актери и се има појавено во низа блокбастери, како Blade.

Во периодот од 1999 до 2004 година, заработи над 40 милиони долари, но за овие пари не платил данок.

Па, помина три години во затвор, а наводно уште должи.

Доколку ги одеднаш ги исплати долговите, актерот ќе биде во минус 9 милиони долари.

poznati-lichnosti-koi-ne-se-bogati-kolku-shto-mislite-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Две забремениле на само 16 години, сите ги изневерувал: Четирите сопруги на Чарли Чаплин Неговата прва сопруга имала само 16 години кога се венчале, а на иста возраст би...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...
Проба да киднапира дете, работеше во Индија нелегално: Приказни за Линдзи Лохан кои звучат измислено... Линдзи Лохан направила долг од 46.000 долари во луксузен хотел во Лос Анџелес. О...
„Ме фаќа срам кога ќе се сетам што правев, чудо е што сум жив“: Чарли Шин искрен за пороците, прости... Осум години откако се ослободи од пороците, Чарли Шин напиша мемоари, а сними и ...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...

Најчитани неделава