„Ме фаќа срам кога ќе се сетам што правев, чудо е што сум жив“: Чарли Шин искрен за пороците, проститутките и бурното минато
- Детали
- среда, 03 септември 2025
Осум години откако се ослободи од пороците, Чарли Шин напиша мемоари, а сними и документарец за својот живот. Не верувал дека ќе го дека ќе го дочека 60-тиот роденден, а најтешкиот дел од битката бил да си прости себеси, но и да го подобри односот со луѓето што ги повредил.

Иако со години беше главниот лик во Two and a Half Men, а се има појавено и во низа популарни филмови, факт е дека кога ќе се спомне Чарли Шин, повеќето помислуваат на бурниот период од неговиот живот.
Чарли има потрошено стотици илјади долари на дрога и проститутки, а поради ризичното однесување, се зарази и со ХИВ.
60-годишниот актер зад себе има три разводи, како и комплициран однос со неговите пет деца.
Од неговото минато не недостасуваат инциденти – на пример, во 2010 година го избркале од луксузен хотел во Њујорк бидејќи додека би под дејство на кокаин, уништил цела соба.
Исто така, поранешната сопруга Дениз Ричардс го има обвинето за смртни закани, а тврди и дека сериозно ја загрозувал безбедноста на нивните деца.
Но, Чарли успеа да се избори со пороците и веќе осум години е „чист“.
Сепак, во ново, искрено интервју за магазинот People, вели дека уште ги чувствува последиците од лошото однесување.
На 9-ти септември, Чарли ќе ги издаде и своите мемоари, па интервјуто е вид промоција за книгата.
Во интервјуто, актерот вели дека пред неколку години, не верувал дека ќе го доживее 60-тиот роденден.
„Сега имам повеќе денови зад мене, отколку пред мене. Но, се чувствувам навистина добро! Повеќето мажи на моја возраст имаат проблеми со грбот или колената.
Но, јас некако го избегнав тоа. Единствено имам проблеми со едното рамо, но примам терапија за тоа“.
Актерот вели дека сега редовно вежба за да остане фит, а се труди и да се храни што е можно поздраво.
Но, додава и дека здравјето не било единственото нешто што страдало поради начинот на живот – го нарушил односот со сите луѓе околу него.
„Не пробувам да ги исправам сите грешки од минатото. Во голема мера, 50-тите години од животот ги поминав извинувајќи им се на луѓето што ги повредив. Но, не сакав да се правам жртва.
Бидејќи, не сум жртва и сè што ми се случи, си го направив самиот. Сега само сакам да ги раскажам работите како што навистина се случија. Барем работите што ги помнам“.
Чарли вели дека почнал редовно да користи дрога уште во 1990-тите, кога стануваше светски познат. Почнал да заработува многу, но се плашел дека славата и парите нема да траат долго, па решил да ги искористи максимално додека ги има.
„Секогаш имаше некој глас кој ме тераше да се сомневам, кој ми велеше дека е прашање на време кога ќе изгубам сè. Па, мислев дека е подобро да уживам додека можам“.
Но, популарноста на Чарли само се зголемуваше, а со тоа и неговиот проблем со дрога и алкохол стануваш посериозен.
