„Ме фаќа срам кога ќе се сетам што правев, чудо е што сум жив“: Чарли Шин искрен за пороците, проститутките и бурното минато
Чарли неколкупати беше на рехабилитација, а вели дека самиот се чуди како не умрел од предозирање. Впрочем во многуте години што користел дрога, се предозирал само еднаш и само еднаш постоела мала можност да умре.
„Кога одев на забава, секогаш си велев ’остави го разумот надвор‘. И, за мене тоа беше добро правило“.
Покрај дрогата и алкохолот, Чарли открива дека почнал да користи и крем со тестостерон од кој станал зависен. И, поради превисокото ниво на тестостерон во организмот, бил и многу агресивен.
Овој период Чарли го допре дното – беше избркан од серијата Two and a Half Men.
Оттогаш, му требаа повеќе од пет години за да се ослободи од пороците, но вели дека претходните обиди биле неуспешни бидејќи не бил подготвен.
Сепак, кога сфатил дека не го уништува само својот, туку и животот на неговите деца, решил дека е време да стави крај.
„Мора да имате желба да се исчистите. Сега имам листа од најлошите, најсрамните работи што сум ги направил. Па, се потсетувам на листата кога ќе посакам пијачка“.
Чарли додава и дека прво се откажал од дрогата, а потешка му била битката со алкохолизмот.
„Не знам дали е така или не, но сакам да мислам дека ако уште еднаш пробам дрога, нема да преживеам“.
Секако, најтешкиот дел од целата битка било да си прости себеси.
„Уште учам да си простам. Има моменти кога ме фаќа срам. Моменти кога се присетувам на моите избори и последиците. Но, сега се случуваат поретко, па мислам дека тоа е прогрес.
Но, интересно ми е што кога пробувам да им се извинам на блиските, повеќето ми велат ’Немај гајле, но се надевам дека можеш да си простиш самиот‘“.
Зборувајќи за идните планови, Чарли вели дека би сакал повторно да глуми, но дека нема да брза.
„Не би го нарекол ова камбек, туку ресетирање. Сега само живеам во моментот, што и да се лучи“.
Покрај мемоарите, Чарли сними и документарец за својот живот – aka Charlie Sheen – кој ќе биде достапен на Нетфликс од 9-ти септември.
Спирова С. | Црнобело
