Кристен Стјуарт се венча со партнерката – во лежерни изданија, го одбележаа денот со интимна прослава (фото)
- Детали
- вторник, 22 април 2025
Со мала прослава во ресторан, Кристен Стјуарт, која се прослави со улогата во Twilight, се венча со партнерката Дилан Мејер, по шест години врска.
Кристен Стјуарт се венча со партнерката Дилан Мејер по шест години врска.
Ѕвездата од Twilight и сопругата организираа интимна прослава во мексикански ресторан во Лос Анџелес, во друштво на најблиските.
35-годишната Кристен и 37-годишната Дилан, наместо венчаници, се одлучија за лежерни аутфити во светла боја.
Кристен носеше здолниште и сако на кратки ракави, во комбинација со маичка, додека Дилан носеше сатенско здолниште со проѕирна кошула.
Додека траеше церемонијата, актерките беа опколени од семејството и пријателите кои го снимаа моментот со нивните телефони.
Тие разменија прстени, а додека Дилан го читаше својот говор, Кристен почна и да плаче.
На крај, актерките позираа со саканите држејќи букет цвеќе и продолжија со малата забава.
Кристен и Дилан се запознале уште во 2013 година, но официјално станаa пар во 2019-та.
Ја почнаа врската кратко откако Кристен раскина со моделот Стела Максвел.
По раскинувањето на врската со моделот, Кристен повторно ја сретнала Дилан на забава на пријател и брзо се зближиле.
„Ја запознав пред многу години на сет, но ја немав видено шест години. И, тогаш се појави на роденденска забава на пријател и си помислив ’Каде беше досега?‘
И двете сме од Лос Анџелес и многу го сакаме градот. Многу сме слични, но различни. Дилан е прекрасна“, има изјавено актерката.
Кристен и Дилан, која исто така е актерка, но и сценаристка, постојано беа забележувани заедно, а во 2021-ва се јавија шпекулации и дека се свршиле.
Кон крајот на истата година, Кристен ја потврди свршувачката, а одвреме-навреме зборуваше и за плановите за свадбата.
Уште претходно актерката изјави дека и двете би сакале нешто поинтимно, наместо раскошна прослава.
Прочитајте и: Го изневери бившиот со оженет маж, сега се сврши со девојка – Факти за љубовниот живот на Кристен Стјуарт
Минатата година, таа откри дека со Дилан размислувале и за деца. Актерките би сакале и двете да донираат јајцеклетки и да добијат деца со помош на ин витро.
Пред да ја пронајде среќата со Дилан, Кристен беше во врска со колегата од Twilight – Роберт Патинсон.
Потоа актерката имаше неколку врски со жени – кратко се гледаше со стилистката Сара Динкин, како и со продуцентката за специјални ефекти Алисија Каргајл.
Најдолга ѝ беше врската со супермоделот Стела Максвел, со која се гледаше од 2016 до 2019 година.
Повеќе фотки од свадбата на следната страница...
Би можело да ве интересира:





