Најконтроверзниот холивудски брак: 51-годишен актер се венча со 16-годишна девојка, денес го нарекува педофил

Во 2011-та, 51-годишниот актер Даг Хачисон се венча со 16-годишна девојка, и тоа со благослов од нејзините родители. Беа во брак околу десет години, а денес девојката го нарекува „предатор“ и „педофил“, додека актерот вели дека не жали за бракот.

najkontroverzniot-holivudski-brak-50-godishen-akter-se-vencha-so-16-godishna-devojka-denes-go-narekuva-pedofil-01.jpg

На Холивуд не му недостасуваат контроверзни врски и бракови каде меѓу партнерите има огромна возрасна разлика.

Во минатото имало и ситуации каде возрасни актери и музичари имале врски со малолетни девојки.

Во поново време, во ваквите врски, девојките имаат барем 20-тина години. Но, пред нешто повеќе од една деценија, беше склопен брак кој ќе остане запомнет како еден од најконтроверзните во модерната историја на Холивуд.

Имено, тогаш 51-годишниот актер Даг Хачисон се венча со 16-годишна девојка.

najkontroverzniot-holivudski-brak-50-godishen-akter-se-vencha-so-16-godishna-devojka-denes-go-narekuva-pedofil-11.jpg

Неколку детали за вознемирувачкиот брак:

Се венчале со благослов од родителите на девојката

Во 2011 година, актерот Даг Хачисон веќе беше познат по улоги во популарни филмови како Batman & Robin и The Green Mile.

Неговата идна невеста, Кортни Стоден, имала 16 години кога се пријавила на онлајн курс по глума што го водел тој.

Поради курсот, тие редовно се допишувале, но по неколку месеци актерот почнал да ѝ се додворува на Кортни. Тие практично почнале онлајн врска, а мајката на Кортни, Криста, била свесна за ова и ја поддржувала ќерка си.

najkontroverzniot-holivudski-brak-50-godishen-akter-se-vencha-so-16-godishna-devojka-denes-go-narekuva-pedofil-12.jpg

Колку и да звучи морничаво, актерот тврдел дека е лудо вљубен во Кортни, па ја побарал за жена. Со благослов од родителите на Кортни и нивна дозвола бидејќи била малолетна, тие се венчале во 2011-та, во Лас Вегас.

Јавноста бурно реагираше на нивниот брак поради возрасната разлика, но тие се бранеа.

„Свесни сме дека нашата возрасна разлика е многу контроверзна. Но, многу сме вљубени и сакаме да им покажеме на сите дека љубовта не знае за години“, гласеше нивната заедничка изјава еден месец по свадбата.

najkontroverzniot-holivudski-brak-50-godishen-akter-se-vencha-so-16-godishna-devojka-denes-go-narekuva-pedofil-03.jpg

Беа неколку години во брак

По свадбата, Кортни стана сензација во САД преку ноќ, додека кариерата на Даг тргна во надолна линија. Актерот самиот изјави дека ја жртвувал кариерата во име на љубовта, признавајќи дека почнале да го избегнуваат сите колеги.

Пред неколку години, откри дека контроверзниот брак го оддалечил и од семејството, како и дека добивал смртни закани.

„Таа имаше 16, а јас 51 година. Знаев дека нашата врска ќе предизвика реакции но не бев свесен од колкав размер ќе бидат.

Не ни помислив дека поради венчавката со Кортни, ќе ме напуштат менаџерот и агентот и дека никој нема да ме побара за на филм“.

najkontroverzniot-holivudski-brak-50-godishen-akter-se-vencha-so-16-godishna-devojka-denes-go-narekuva-pedofil-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...

Најчитани неделава