10 највпечатливи и вљубени парови на Мет гала 2025
- Детали
- вторник, 06 мај 2025
Ник Џонас ѝ помага на саканата Пријанка со долгиот фустан, сопругот на Алиша Кис ја бакнува во голото рамо, Дуа Липа првпат се појави со партнерот на црвениот тепих на овој настан и вљубено го гледа – највпечатливите парови на Мет гала 2025.
Најголемиот светски моден настан, Мет гала, се одржа на 5 мај, традиционално, првиот понеделник од месецот, во Метрополитен музејот во Њујорк.
На црвениот тепих продефилираа голем број звучни имиња во креации кои треба да се усогласени со годинешната тема, која гласи „Скроено за тебе“, а секој на свој начин ја протолкува и испрезентира.
Освен Ријана, која направи модна доминација, но и откри дека е бремена по третпат, впечаток оставија и некои од најубавите и највљубените парови кои се појавија на настанот.
Модно усогласени, средени, вљубени – кои парови издоминираа на Мет гала 2025?
Фарел Вилијамс и Хелен Ласичан
Двејн Вејд и Габриел Јунион
Пријанка Чопра и Ник Џонас
Дуа Липа и Калум Тарнер
Алиша Кис и Свиз Битс
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





