Најсмешните мемиња за Мет гала 2025 + што значи годинешната тема на настанот?
- Детали
- вторник, 06 мај 2025
Темата што требаше да ја почитуваат гостите за Мет гала 2025 е „Скроено за тебе“ и е инспирирана од уникатниот префинет стил на Афроамериканците. Некои ја погодија темата, некои не, а социјалните мрежи веќе се преплавени и со мемиња.

Вчера (05.05) се одржа 77-то издание на Мет галата во музејот Метрополитен во Њујорк.
Престижниот настан го одбележа отворањето на изложбата на Институтот за костуми при музејот, која секоја година има различна тема.
Овогодишната изложба е наречена Superfine: Tailoring Black Style, што може да се преведе како „Суперфино: Кроење на црниот стил“.
Изложбата е експресија на „црниот дендизам“, односно префинетиот моден стил на Афроамериканците – зборот „денди“ се однесува на личност која се облекува и живее според модата.
Како што е наведено на веб-сајтот на Vogue, изложбата ќе ја истражува улогата на модниот стил во формирањето на црните идентитети, фокусирајќи се на појавата, значењето и ширењето на црниот дендизам.
Составена од облека, фотографии, уметнички дела, историски текстови и артефакти, ова е првата изложба на Институтот за костуми која се фокусира на машка облека од 2003 година.
Изложбата е инспирирана од книгата на гостинката куратор Моника Л. Милер - Slaves to Fashion: Black Dandyism and the Styling of Black Diasporic Identity.
„Дендизмот може да изгледа површно, но честопати претставува предизвик или трансценденција на општествените и културни хиерархии.
Поставува прашања за идентитетот, претставеноста и мобилноста во однос на расата, класата полот, сексуалноста и моќта.
Оваа изложба го истражува дендизмот и како израз на став, и како провокација“, гласи изјавата на гостинката куратор чија книга ја инспирира изложбата.
Следствено на ова, темата за стајлингот на гостите за Мет гала 2025 беше Tailored for You, што може да се преведе како „скроено за тебе“.
Темата може да се интерпретира на разни начини, но главно се однесува на тоа секој да го прифати и истакне својот личен стил.
Сепак, голем дел од ѕвездите црпеле инспирација од префинетиот моден стил на Афроамериканците од минатиот век, со аутфити како елегантни панталони, сакоа, шешири…
Дел од ѕвездите кои ја погодија темата:
Ејсап Роки
Раперот самиот си го дизајнирал аутфитот, преку што си го искажува својот личен стил. Вели дека црпел инспирација од неговото родно место – Харлем во Њујорк.
Bad Bunny
Раперот Bad Bunny, пак, искомбинирал дел од префинетата мода на Афроамериканците, со свој личен печат – со шеширот ѝ оддава почит на родната земја Порторико. Овде се и впечатливите бели чевли и нараквиците.
Дајана Рос
Легендарната пејачка носеше сребрен фустан и огромна наметка со пердуви – аутфит кој многу потсетува на стајлингот на пејачките од минатиот век.
Бери Киган
Ирскиот актер носеше аутфит „скроен за него“ од брендот Valentino.
Покрај елегантните панталони и чевли, тојостанал доследен на својот личен стил со везовите на ракавите и црвениот колан.
Колман Доминго
Многумина сметаат дека Колман Доминго и неговиот префинет стил донекаде биле инспирација за годинешната тема, додека Ана Винтур го нарекува актерот „денди крал“.
Актерот прво се појави со сина наметка со раскошен детаљ на рамената, а потоа откри дека под неа носи уникатен костум.

Мадона
Комбинацијата на позната пејачка е склоп од мажественост и женственост – елегантниот костим е инспириран од машките костуми, додека цветовите на сакото му даваат „женска“ нота на целиот аутфит.
Мадона го комплетирала стајлингот со пура, со што, пак, ја покажа својата контроверзна страна.

Зендеја
Младата актерка се појави во елегантен бел костим и бел шешир, а имаше и црвен впечатлив маникир. Актерката веќе е препознатлива по елегантните изданија на важни настани, па со аутфитот сепак го покажува и својот стил.
Додека на Мет галата нема некои случувања како на Оскари, стајлингот на ѕвездите сепак е инспирација за многу мемиња.