Која е новинарката што секоја година ги засенува ѕвездите на Мет Гала со својот изглед?
- Детали
- четврток, 08 мај 2025
Taa e подобро облечена од голем дел од славните личности... Секоја година ги фрла во сенка со своите модни погодоци оние кои треба да ги интервјуира, па така беше и на Мет гала 2025.
Новинарката Генезис Суеро од Доминиканската Република и годинава ги засени ѕвездите на Мет Гала 2025, а низа корисници на социјалните мрежи тврдат дека таа најдобро ја доловила темата, подобро дури и од многу пејачи, актери и модели.
Новинарката годинава носеше црно-сив костум со отворен преден дел - нејзина интерпретација на темата на вечерта „Superfine: Tailoring Black Style“.
Доминиканската новинарка изгледот го дополни со стап и цилиндричен шешир.
Инаку, таа првпат го привлече вниманието на јавноста во 2022 година со интерпретација на темата „Gilded Glamour“, носејќи елегантен златен фустан со бели детали.
Во 2024 година за темата „Sleeping Beauties: Reawakening Fashion“ носеше сребрен фустан со цветни детали и џебен часовник, со повеќе од 15.000 кристали.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





